Топ Новости
Исчезнатиот Илија Минов погребан денеска - Четврток, 02 Септември 2021 14:07

Коректна изјава искористена за оцрнување на политички функционер

Четврток, 09 Јули 2020

Пишува: Жаклина Цветковска

На порталот infomax.mk објавен е текст со наслов„ Лаже кај стигне: Заев му ветил на Тачи дека ДУИ нема да ја земе во Влада“, во кој е пренесена изјава на претседателот на ДПА, дадена во интервју за ТВ 21, во која тој информира дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев му ветил оти доколку дојде до ситуација да формира влада нема да го вкучи во неа досегашниот партнер ДУИ.

Авторот ја искористил изјавата на Мендух Тачи и ја ставил во контекст, кој не е соодветен, за да оцрни политички функционер..

Во насловот, новинарот констатира „Лаже кај стигне“, мислејќи на Заев, а потоа ја пренесува изјавата на цитираниот извор во текстот. Иста квалификација е дадена и во најавата на самиот текст „трчи лажи“,за да се засили негативната кампања кон конкретен политичар. Притоа, изнесува личен став и лични квалификации за јавна личност, една од претендентите за премиерската функција, во зависност од резултатите на предвремените парламентарни избори

Изјавата на Тачи, пак, е сосема коректна и информативна и не наведува на заклучок на кој посочува новинарот. Напротив, Тачи покажува дека тој го зема в предвид чувствителниот предизборен период и не сака да наштети на политичкиот субјект за кој зборува.

- „Со Заев разговаравме за предизборна коалиција со него, но не успеавме да се договориме. Која е причината што не успеавме да се договориме не можам сега да кажам за да не му наштетам за време на кампањата. Сакам јавноста да има разбирање за мојата коректност затоа што јас воопшто не сум заинтересиран да му наштетам на Заев. Јас имам надеж дека Зоран Заев ќе го одржи зборот и нема да ги земе ДУИ во Влада. Еве сепак нешто кажав“, рече Тачи во момент на искреност.

Во објавата е присутна политичка пристрасност, со цел да се нанесе штета на одреден политички актер во изборна кампања и да се влијае на гласачкото тело. Во насловот има и коментаторски елементи, недозволиви за информативен текст, и не е одржана професионална дистанца од политичкиот субјект, со што е прекршен членот 14 од Кодексот на новинарите.

Изнесувајќи лични заклучоци и констатаци во информативно известување, новинарот го прекршил и членот 15 во кој стои:

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.

____________________________________________________________________________
Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.


Last modified on Четврток, 09 Јули 2020 - 17:15

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Септемвриско лето - натпросечно топло време

Долго топло лето во Гевгелија и на југот со продолжена капачка сезона во водите

Повеќе

Изгаснат пожарот кај населбата Карач, Ст.Дојран

Пожар над туристичката населба Карач во Стар Дојран беше забележан вчера во

Повеќе

ПОПИС 2021- досега попишани 502.000 граѓани

Заклучно до 20 часот вечерва се реализира осмиот пописен ден во државата и во

Повеќе

ОИК Гевгелија: Доставени се 5 кандидатури за градоначалник и 6 советнички листи

До синоќа на полноќ кога законски истекува рокот за поднесување на кандидатури

Повеќе

Богданчанец пронајден мртов во својот дом

Во петокот, на 10.09.2021 во 14:30 часот во Полициска станица Гевгелија било

Повеќе

Министерот Филипче поднесе оставка

Министерот за здравство Венко Филипче штотуку соопшти дека од морални причини

Повеќе

93-годишна дојранчанка е тешко повредена откако со автомобил излетала од патот

Синоќа 9 септември во 20.40 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на

Повеќе

Прогласена тридневна жалост во цела држава за настраданите во Тетово

На денешната вонредна владина седница прогласена е тридневна жалост на

Повеќе

Пожар во тетовската ковид болница, има и жртви

Вечерва, околу 21 часот избувна пожар во модуларната ковид болница во Тетово.

Повеќе

Честит Ден на независноста - 8 Септември!

Пред три децении на денешен ден, над 95 проценти од граѓаните на Македонија на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.