Топ Новости

Видео со мигранти искористено да му се префрли на Спасовски

Петок, 10 Јули 2020

Пишува: Убавка Јаневска

Рецензираме текст со наслов „Мигранти влегуваат кога и колку сакаат, Спасовски тера кампања!“

Во написот се тврди дека мигрантите влегуваат во земјава кога и како сакаат, а ова се темели на еден видео материјал. Проблематичниот аспект е во тоа што одговорноста за мигрантите не се бара во институцијата задолжена да го контролира влезот и излезот од државата на странци, туку од техничкиот премиер Спасовски. Уште попроблематично е што написот е искористен за да се напомене дека Спасовски тера кампања, со што се добива впечаток дека тој наместо да врши работи од негови ингеренции е фокусиран на партиски дејства.

Полицијата, односно Министерството за внатрешни работи, каде Спасовски нема никаква функција ниту ингеренции, е институцијата задолжена за контрола на проблематиката за која се известува во написот.

Овој текст е со коментаторски наслов.
Тоа е спротивно на член 13 од Кодексот на новинари во кој пишува:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

И покрај тоа што струмичкиот портал кој го објавил видеото на сопствената Фејсбук страна напишал дека го испратил до струмичката полиција која веднаш испратила екипа на местото каде што е снимено видеото, овде се обвинува за неажурност. Целата состојба со мигрантите се доведува во директна корелација со личност која не е задолжена во ресорот за внатрешни работи и со префрлувачки тон се потенцира дека „тој тера кампања“ додека мигрантите влегуваат кога и како сакаат. Во содржината недостасуваат и изјави од сите инволвирани.

_________________________________________________________________________
Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.


Last modified on Петок, 10 Јули 2020 - 16:14

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.