Топ Новости

Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ

Вторник, 16 Февруари 2021

Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ќе изградат енергетски системи со обновливи извори на енергија. Еден од проектите ќе биде токму во нашиот крај, на ридестиот простор кај Миравци, со изградба на ветерен парк за производство на електрична енергија, од т.н. „зелени извори“, незагадувачки за околината.

Договорот за отстапување на средствата од Германската КФВ Банка беше потпишан вчера од страна на директорот на ЕСМ и претставник на КФВ.

Освен ветерниот парк кај МИравци со средствата е планирано да се поддржат фотоволтаични електрани во РЕК Битола, рехабилитација на трета фаза на големите хидроелектрани, модернизација и надградба на комплексот Енергетика во Гази Баба и соларна топлификација во Битола.

Со имплементацијата на овие енергетски проекти, производството на електрична енергија би се зголемило за околу 650 гигават/часови.

- „Потпишувањето на договорот значи користење на грант неповратни средства од германската влада во износ од 2,4 милиони евра, со цел изработка на технички студии и документи кои се неопходен чекор во насока на инвестициите во обновливи извори на енергија. Овие грант ни' става на располагање дополнителни 80,5 милиони евра евтини кредити за изградба на енергетските објекти“, кажа премиерот Заев на потпишувањето на договорот за грант од „Програмата за обновливи извори“.

Како што кажа Заев, Германија во последните 20 години ни' помогнала со над 500 милиони евра во развојни проекти, од кои повеќе од половина се во енергетскиот сектор.

„Владата е на вистинскиот пат со вложувањето кон обновливи извори на енергија и поддршка на зелени инвестиции во јавниот сектор кои ќе придонесат во намалување на загадувањето. Во Германија јасно се гледаат предностите од обновливите извори на енергија и чекорите кои ги прави Северна Македонија во реформите на енергетскиот сектор“, кажа германската амбасадорка Анке Холштајн.

Инвестициите ќе имаат незагадувачко влијание врз животната средина и социјалните аспекти на проектите кои ќе овозможат енергија и напредок.

 

Last modified on Вторник, 16 Февруари 2021 - 14:30

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.