Три медали во атлетика за тим „Мобилност“ Гевгелија

Вторник, 08 Јуни 2021

Никола Пеев од Стојаково и Александар Талевски од Нов Дојран се членовите на Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија кои викендов се закитија со медали на Државното првенство во атлетски повеќебој 2021, што се одржа во Охрид.

Натпреварот беше спроведен и како дел од 33 Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет на Македонија. Натпреварите се спроведоа во шест категории и тоа: Мажи класи Ф36-37, Ф42-46 и општа, Мажи класи Ф53-57, Жени класи Ф42-46 и општа, Жени Класи Ф53-57, Слепи и слабовидни спортисти класи Ф11-13 и Глуви и наглуви спортисти.

Полни со енергија и потстрек за победнички остварувања, претставниците на „Мобилност“ од Гевгелија ги постигнаа следните резултати во категоријата „Мажи класи Ф36-37, Ф42-46 и општа“, со следните бодовни остварувања:
1. ПРВО место Никола Пеев, тим „Мобилност“ Гевгелија 1.846 поени
2. Второ место Дејан Ѓорѓиевски, Скопје 1.514 поени
3. ТРЕТО место Александар Талески, тим „Мобилност“ Гевгелија 1.444 поени

Ќе го споменеме и забележителниот пласман на Оливер Пејчиќ од Гевгелија, кој го освои второто место во категоријата на глуви и наглуви спортисти, како и седмото место на пласман на гевгеличанката Нина Пејчиќ во истата класа спортсти.

На стадионот „Атина Бојаџи“ во Охрид, оваа недела, на 6 јуни на теренот ги презентираа своите спортски способности и резултатски остварувања вкупно 53 натпреварувачи од 12 општински клубови и повеќе градови во државата.

Организаторскиот тандем го сочинуваа Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Северна Македонија - Параолимпискиот комитет на Северна Македонија и Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија.

Честитки до носителите на медали од тимот на „Мобилност“ упати гевгелиското здружение на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“, како и до сите учесници и организаторите на годинашново Државно првенство во атлетски повеќебој 2021.

Last modified on Вторник, 08 Јуни 2021 - 21:51

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Добредојде на летото – денеска е најдолгиот ден во годината

Летото започна денеска. На северната хемисфера на Земјата летото започна

Повеќе

Ден задушница - Гевгеличани ја испочитуваа традицијата

Пандемские ограничувања завршија. Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од

Повеќе

Огнената драма кај Калдрмата, Нов Дојран успешно ликвидирана

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран

Повеќе

Меморијален турнир за Бранко Николиќ

Во чест и спомен на прерано починатиот Бранко Николиќ (25 годишен), жител на

Повеќе

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република

Повеќе

Првенци полуматуранти од ООУ Гевгелија - учебна 2020/21

Општинските основни училиште во Гевгелија ги прогласија своите Првенци на

Повеќе

Од полноќ нема полициски час

Целосно укинување на полицискиот час настапува на полноќ, денеска од 00:00

Повеќе

Бесплатна патарина за српските туристи низ автопатот „Пријателство“

Од денеска на полноќ по целата должина на Автопатот „Пријателство“ српските

Повеќе

Aктерката Стојановска осуденa на 3,5 години затвор, за шверц на кокаин, а

За меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија и барање

Повеќе

Укинување на полицискиот час, враќање на свадбите - предлог на КЗЗ

Министерството за здравство информира дека ова утро на состанок на Комисијата

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.