Топ Новости

Тодор и Димитар Узунчеви на ЕХФ ракометната листа на МК селекторот

Петок, 18 Јуни 2021

Активниот ракометар на РК „Партизан“ од Гевгелија, младиот Тодор Узунчев уште еднаш ги истакнува своите квалитети забележани дури и од македонскиот ракометен селектор, Кире Лазаров. Тој во јануари минатата година стана член на пионерската ракометна репрезентација на Македонија, а веќе се сели во кадетски ранг. Друштво на терените ќе му прави уште еден гевгеличанец, Димитар Узунчев.

Ракометната легенда на Македонија, Лазаров денеска го објави списокот ма 39 ракометари кои се во потесен избор за настап на кадетскиот ЕХФ шампионат што ќе се одигра во август оваа година, а домаќин е Македонија. Тој го објавува списокот на повикани ракометари на собир за селекција на младинска машка М19 репрезентација за генерација родени 2002 година и помлади.

Меѓу избраниците на Лазаров на високото 7-мо место е гевгеличанецот Тодор Узунчев, а следува на 26-то место Димитар Узунчев, исто така член на РК „Партизан 2016 Спорт“ од Гевгелија.

Меѓу избраниците се ракометари од Скопје, Птилеп, Тетово, Охрид, Неготино и единствените двајца Узунчеви од Гевгелија.

За забележителната игра на гевгелиските ракометари и поканата за ЕХФ Шампионатот задоволството не го криеја од раководството на гевгелиски РК „Партизан“:

- „Двајца млади ракометари од РК Партизан добија повик за настап на кадетскиот ЕХФ шампионат. Тодор Узунчев и Димитар Узунчев, ви посакуваме многу среќа и поголеми успеси!“ - напишаа од РК „Партизан“ на социјалните мрежи.

Избраните 39 ракометари следната недела ќе треба да поминат низ првото сито, односно изборните тренинзи на кои треба убедливо да презентираат најдобра игра.

Меѓу нив ќе се бараат играчите што ќе имаат тешка задача – да стигнат до првото место на кадетскиот ЕХФ шампионат, што носи пласман на ЕП во кадетска и во младинска категорија.

Собирот на кадетите ќе биде на 22 јуни од 8:30 часот во салата во Автокоманда.

Ние им посакуваме сигурна рака и добра игра на одбраните гевгелиски ракометари!

 

Last modified on Петок, 18 Јуни 2021 - 22:09

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Страотен пожар во Кочани и кочанско

Порталот Кочанска Котлина јави дека пожарот пред два часа е забележан во

Повеќе

Тешко повредени двајца малолетници на Динќот

Празничната раздвиженост предизвика посета на релации и користење на возила со

Повеќе

Пуштен во употреба „Јужен Вардар“ систем за наводнување

Новиот систем за наводнување „Јужна Вардарска долина“ - Втора Фаза, вреден 24

Повеќе

По три дена недостаток, вечерва Моин ќе добие вода

Поради дефект на водна пумпа на бунарите кај Моин жителите од ова населено

Повеќе

Подгответе се за 10 дневна температурна 40-ка до 44℃, со УВ=9

Актуелно предупредување од УХМР - доаѓа портокалова (алертна) фаза која ќе трае

Повеќе

Пресудени 25 години затвор за организаторите на нападот од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот

Повеќе

Градоначалник спасил давеничка на плажа

Штипјани со гордост денеска објавуваат на социјалните мрежи дека нa јавна плажа

Повеќе

Повторно поплави во Белгија - водата носи се' пред себе

Дождовната сезона и поплавите во централна Европа како уште да не ја завршиле

Повеќе

Македонскиот гениј Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Осмоодделенецот Дамјан Давков од Штип на Светската математичка олимпијада ИМО

Повеќе

Пресечен меѓународен канал за дрога, приведени гевгеличани

Во  вчерашната акција на  МВР запленета е дрога во вредност од 150.000 евра,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.