Топ Новости

Полицајци добротворци со хумана мисија во Гевгелија

Петок, 25 Јуни 2021

Полската полиција која соработува со македонските безбедносни сили во рамките на мисијата на „Фронтекс“ денеска ги посетија штитениците на Центарот за лица со посебни потреби „Мајка Тереза“ во Гевгелија.
Осумчлената екипа полски полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија од нелегален влез на мигранти, предводеи од командирот Анета Војтановска- Зимон денеска споделија хуманост со локалните жители - децата од Центарот „Мајка Тереза“ и им донесоа пакети со намирници, продукти, и најновите сезонски полодови - лубеници.

Средбата беше срдечна. Домаќините се заблогодарија на посетата со најскапоценото што го имаат - нивните насмевки и покажаа добредојденост со тоа што ги прошетаа своите гости-добротвори по нивниот ЗОО парк, по градината која ја обработуваат, па им приредија и мал концерт на отворено.

Полицалците од Полска ја задоволија детската љубопитност да ја пробат специјалната опрема на граничната полиција, да го доживеат чувството да се биде во специјалното теренско возило, да се има заштитен шлем и елек.

Овие насмевки и срдечни средби кои Ви ги споделуваме се доказ за оформено пријателство меѓу децата и припадниците на полската полиција во Гевгелија и на свој начин најавуваат покана за нови средби.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Страотен пожар во Кочани и кочанско

Порталот Кочанска Котлина јави дека пожарот пред два часа е забележан во

Повеќе

Тешко повредени двајца малолетници на Динќот

Празничната раздвиженост предизвика посета на релации и користење на возила со

Повеќе

Пуштен во употреба „Јужен Вардар“ систем за наводнување

Новиот систем за наводнување „Јужна Вардарска долина“ - Втора Фаза, вреден 24

Повеќе

По три дена недостаток, вечерва Моин ќе добие вода

Поради дефект на водна пумпа на бунарите кај Моин жителите од ова населено

Повеќе

Подгответе се за 10 дневна температурна 40-ка до 44℃, со УВ=9

Актуелно предупредување од УХМР - доаѓа портокалова (алертна) фаза која ќе трае

Повеќе

Пресудени 25 години затвор за организаторите на нападот од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот

Повеќе

Градоначалник спасил давеничка на плажа

Штипјани со гордост денеска објавуваат на социјалните мрежи дека нa јавна плажа

Повеќе

Повторно поплави во Белгија - водата носи се' пред себе

Дождовната сезона и поплавите во централна Европа како уште да не ја завршиле

Повеќе

Македонскиот гениј Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Осмоодделенецот Дамјан Давков од Штип на Светската математичка олимпијада ИМО

Повеќе

Пресечен меѓународен канал за дрога, приведени гевгеличани

Во  вчерашната акција на  МВР запленета е дрога во вредност од 150.000 евра,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.