Тина Тарнер за својот документарен филм за животот, бракоразводот, за богатата музичка кариера од Асоцијацијата за доделување на „ЕМИ“ наградите вчера официјално доби три номинации, вклучително и во категоријата за најдобар специјален документарец
Таа на социјалните мрежи им честиташе на филммејкерите за трудот да го отсликат нејзиниот живот на филмската лента, па напиша:
„Мојот живот. Мојата приказна. Честитки за #TinaFilm и режисерите Дан Линдзи и Т.J. Мартин за 3 номинации за „Еми“, вклучително и за извонреден специјален документарец.
Тина Тарнер има 81 година и откако се избори за опоравување после преживеан мозочен удар, вртоглавица, рак, трансплантација на бубрег и загуба на нејзиниот најстар син, таа сè уште се насмевнува и ни покажува дека отровот можеме да го претвориме во лек.
Со извонредни сценски перформанси во кои доминира нејзиниот динамичен танц и со глас што го плени светот Тина Тарнер оствари близу 60 годишна музичка кариера. изведувајќи 8 светски соло-турнеи и со над 260 милиони продадени плочи доби почесно место како соло уметник во светската музичка историја.
Тина Тарнер е дел од поставките во Домот на славните во рокенролот.
- „Апсолутно сум воодушевена што сум вклучена во Домот на славните во рокенролот меѓу толку неверојатни уметници! Ви благодарам за целата ваша постојана љубов и поддршка низ годините! Ве сака, Тина“ - напиша таа на социјалните мрежи.
Еве го нејзиниот фејсбук пост во кој искажува задоволство од успехот на „ТИНА“.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра
Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори
Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување
На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети