Топ Новости
Исчезнатиот Илија Минов погребан денеска - Четврток, 02 Септември 2021 14:07

Нов јулски случај на ковид заболен во Гевгелија

Петок, 30 Јули 2021

Институтот за јавно здравје денеска го регистрираше вториот ковид-19 заболен пациент од Гевгелија во јулскиот извештај за епидемијата во државата.
Денеска Гевгелија во ковид билансот впиша 2.197 вкупно досега заразени во текот на изминатите 17 месеци од кога е присутна корона епидемијата во земјата.

Иако изминаа 14 денови од регистрирањето на еден ковид заразен во Гевгелија кој е семеен човек и во овие денови немаше појава на симптоми ниту лабораториски потврден пренос на вирусот ксј членовите од семејството, сепак вирусот не мирува. Долгиот временски распон на нова вируленција укажува дека не се работи за делта сојот кој е многупати позаразен од првичниот ковид вирус. Со таков изолиран статус на вирусот, се очекуваше после прележан ковид епидемиологијата на вирусот во Гевгелија да спласне. Но, денешниот нов случај не' предупредува дека вирусот е присутен и активен во Гевгелија . Во моментот има 2-ца активни случаки на ковид-19 во регионот на надлежност на Центарот за јавно здравје Гевгелија.

Најновиот извештај на ИЈЗ за состојбата со ковид-19 за изминатите 24 часа носи податоци за 74 нови случаи на КОВИД-19 заразени во државата. на направени 4.582 тестирања, што претатсвува 1,6% од вкупниот број на тестирани лица.
Евидентирани се и оздравени лица, но само 17.
За зал забележани се и два смртни случаи како последица на компликации настанати од присуство на коронавирусот во организнот, и тоа лица над 60+ години (од Скопје и Кичево), во болнички услови.

Моментално во земјата активни лица на ковид-19 има 456 случаи. Најниска бројка на ковид заразени после третиот и најброен ковид бран во државата беше регистрирана на 5 јули, со евидентирани 130 позитивни лица на ковид. За жал, за 25 дена бројот на ковид-инфицираните се зголеми за 3,5 пати.

Здравствените власти предупредуваат на можен четврт ковид бран и препорачуваат вакцинација на граѓаните во пунктовните на Здравните домови каде живеат, престојуваат, со цел стекнување на колективна имунизација на населението против вируост на XXI век.



Last modified on Петок, 30 Јули 2021 - 16:24

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Септемвриско лето - натпросечно топло време

Долго топло лето во Гевгелија и на југот со продолжена капачка сезона во водите

Повеќе

Изгаснат пожарот кај населбата Карач, Ст.Дојран

Пожар над туристичката населба Карач во Стар Дојран беше забележан вчера во

Повеќе

ПОПИС 2021- досега попишани 502.000 граѓани

Заклучно до 20 часот вечерва се реализира осмиот пописен ден во државата и во

Повеќе

ОИК Гевгелија: Доставени се 5 кандидатури за градоначалник и 6 советнички листи

До синоќа на полноќ кога законски истекува рокот за поднесување на кандидатури

Повеќе

Богданчанец пронајден мртов во својот дом

Во петокот, на 10.09.2021 во 14:30 часот во Полициска станица Гевгелија било

Повеќе

Министерот Филипче поднесе оставка

Министерот за здравство Венко Филипче штотуку соопшти дека од морални причини

Повеќе

93-годишна дојранчанка е тешко повредена откако со автомобил излетала од патот

Синоќа 9 септември во 20.40 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на

Повеќе

Прогласена тридневна жалост во цела држава за настраданите во Тетово

На денешната вонредна владина седница прогласена е тридневна жалост на

Повеќе

Пожар во тетовската ковид болница, има и жртви

Вечерва, околу 21 часот избувна пожар во модуларната ковид болница во Тетово.

Повеќе

Честит Ден на независноста - 8 Септември!

Пред три децении на денешен ден, над 95 проценти од граѓаните на Македонија на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.