Топ Новости
Исчезнатиот Илија Минов погребан денеска - Четврток, 02 Септември 2021 14:07

По три дена недостаток, вечерва Моин ќе добие вода

Петок, 30 Јули 2021

Поради дефект на водна пумпа на бунарите кај Моин жителите од ова населено место веќе три дена се без снабдување со вода.

Надлежните од ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија работат интензивно на терен. Вчера беше поставена нова пумпа која изезе дека е дефектна, па веднаш е набавена нова. Истата веќе се поставува на терен до доцна ноќва. Многу работни часови потроши денеска екипата водоводни инженери-монтери од локалното јавно претпријатие „Комуналец“ за ставање во функција на новата водна пумпа, се' со цел жителите на Моин да добијат вода час поскоро.

Надлежните од ЈПКД „Комуналецз“ велат дека работите ќе привршат за еден час и системот за водоснабдување ќе биде пуштен во функција.
- „По вклучувањето на пумпата се очекува жителите на Моин да добијат вода уште вечерва, најмногу за еден час додека се постигне протокот на водата до сите потрошувачи од селото“, изјави З. Зумров од „Комуналец“ кој е вечерва на терен заедно со дел од управата на претпријатието за водоснабдување од Гевгелија.

Меѓу екипата на комуналните водоводни инсталатери вечерва е и советникот од ова населено место Мите Јанев кој за GevgelijaNet потврди дека жителите на Моин овие три дена биле снабдувани со вода од резервоарот кај Горничет, но тој не ги задоволувал дневните потреби на населението од Моин кое брои околу 300 жители.

Жители на Моин негодуваа за недостигот на вода и до нашата редакција, GevgelijaNet се потруди одговорот да го добијат директно од надлежните од ЈПКД „Комуналец“, а тоа е дека водата ќе пристигне во текот на ноќта најдоцна за еден час, по пуштањето на водната пумпа во функција.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Септемвриско лето - натпросечно топло време

Долго топло лето во Гевгелија и на југот со продолжена капачка сезона во водите

Повеќе

Изгаснат пожарот кај населбата Карач, Ст.Дојран

Пожар над туристичката населба Карач во Стар Дојран беше забележан вчера во

Повеќе

ПОПИС 2021- досега попишани 502.000 граѓани

Заклучно до 20 часот вечерва се реализира осмиот пописен ден во државата и во

Повеќе

ОИК Гевгелија: Доставени се 5 кандидатури за градоначалник и 6 советнички листи

До синоќа на полноќ кога законски истекува рокот за поднесување на кандидатури

Повеќе

Богданчанец пронајден мртов во својот дом

Во петокот, на 10.09.2021 во 14:30 часот во Полициска станица Гевгелија било

Повеќе

Министерот Филипче поднесе оставка

Министерот за здравство Венко Филипче штотуку соопшти дека од морални причини

Повеќе

93-годишна дојранчанка е тешко повредена откако со автомобил излетала од патот

Синоќа 9 септември во 20.40 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на

Повеќе

Прогласена тридневна жалост во цела држава за настраданите во Тетово

На денешната вонредна владина седница прогласена е тридневна жалост на

Повеќе

Пожар во тетовската ковид болница, има и жртви

Вечерва, околу 21 часот избувна пожар во модуларната ковид болница во Тетово.

Повеќе

Честит Ден на независноста - 8 Септември!

Пред три децении на денешен ден, над 95 проценти од граѓаните на Македонија на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.