Нова хирушка сала во Општа Болница Гевгелија пуштена во употреба

Сабота, 31 Јули 2021

После 60 години за прв пат во Општа Болница Гевгелија е изградена и опремена нова операциона сала со најсовремени медицински апарати, современи помошни средства и специјализирана опрема.
Ова е само едно од низата реновирања кои беа направени во изминатите две години во оваа болница. Хируршката сала беше готова уште во почетокот на годината, но поради рестрикција на капиталните инвестирања за време на пандемијата работните активности по налог на Министерството за зравство секаде во земјата беа одложени. Со намалување на пандемскиот притисок од болни продолжија инвестирањата во Општа Болница Гевгелија.

- „До крајот на годината гевгелиската болница ќе добие апарат за компјутерска томографија, што многу ќе го олесни пристапот за вакви испитувања. Ќе продолжиме со зголемување на платите благодарение на оваа Влада и премиерот Зоран Заев, 30 милиони евра во изминатите три години се вложија во зголемување на примањата на здравствените работници во нашата земја. Драго ми што се повеќе млади доктори патот не го гледаат надвор од нашата земја и сакаат да работат тука во нашите здравствени установи“ изјави министерот за здравство Венко Филипче денеска при посетата на Општа Болница Гевгелија..

–„ Продолжуваме со низата капитални инвестиции во правец на подобрување на здравствените услуги за нашите граѓани кои се спроведуваа и се спроведуваат паралелно со целосната посветеност на здравствените работници во борбата со пандемијата. Вкупната вредност на работите што беа изведени изнесува 375.000 евра и беа опфатени и други значајни дополнувања како што се новиот центар за дијабет, нова комплетно опремена лабораторија, амбуланти за неврологија, урологија и ортопедија, и современи чекални“, рече премиерот Заев и како особено значајно ја издвои новоизградената современа хируршка сала и набавката на медицинска опрема во вредност поголема од 250.000 евра за салата за хирургија, за центарот за дијабетес и за Одделот за физикална терапија.

– „Болницата сега располага и со нов ехо апарат на Одделот за рентген дијагностика и со комплетно реновирани одделенија за хирургија, за нервни болести и за гинеколошко акушерски болести“, објасни Заев.

Директорот на Општата болница во Гевгелија, д-р Мите Крџев рече дека пуштањето во употреба на новата хируршка сала заедно со реконструираното Одделение за невропсихијатрија значи создавање подобри услови за престој на пациентите.

– „Градиме стандарди за лекување, дијагностика и престој на нашите пациенти и се надевам дека нивните впечатоци, како и на денешните присутни, се позитивни“, изјави д-р Крџев.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија

Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.