Гори боровата шума зад Фламинго кај ГП Богородица

Вторник, 03 Август 2021

Од 13:15 часот денеска ТППЕ Гевгелија доби информација дека е појавен пожар на локацијата кај депонијата за цврст отпад на теренот кај Милци, на левиот брег од реката Вардар кај Гевгелија.
Екипите на ТППЕ Гевгелија со две противпожарни возила, едно теренско возило Лада нива и цистерна од ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија за дотур на вода веднаш се упатија на терен за гаснење на пожарот.
Во моментот гори боровата шума околу теренот кај Милци. Глетката од фотографиите на терен се вознемирувачки бидејќи чадот се надвишува над неколкукатниот објект на казино „Фламинго“, во близина на Граничниот премин Богородица.

Десетчлената противпожарна единица на ТППЕ Гевгелија е свесна за фактот дека пожарот мора да се локализира пред да биде закана за објектите на ГП Богородица, каде се наоѓаат и неколку бензински пумпи. Борбата со огнениот поход трае веќе три часа и се' уште се работи на терен.

Граѓаните кои ни' доставија дел од фотографиите велат дека глетката од пожарот е страшна за жителите од Гевгелија. Сигурно е пострашна за тамошните вработени во институциите и деловните субјекти распоредени околу ГП Богородица.

Last modified on Вторник, 03 Август 2021 - 16:07

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.