Нов пожар кај Богородица, гевгелиско

Среда, 04 Август 2021

Уште не салдирани извештаите за опожарениот терен вчера кај „Фламинго“ и ГП „Богородица“, денеска противпожарните сили во Гевгелија со нов предизвик - избувна нов пожар во Гевгелија позади бензинската на „Лукоил“, на потег кај стариот пат до населеното место Богородица.

Овде во близина е и објектт на хотел-казино „Принцес“ изграден од турски инвеститори пред 15-на години кој сега е под закана од пожарот.

Во дирекцијата на ТППЕ пожарот е пријавен во 11:52 часот денеска, а екипи на ТППЕ веднаш се упатија на терен со 10 пожарникари, две противпожарни возила, едно теренско возило, како и една цистера од ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија за дотур на вода.

Два часа веќе пожарникарите се борат со огнената стихија која како и вчера под закана од опожарување држи едно казино и една бензинска,, а со тоа и безбедносното прашање за Гевгелија.,

Гевгелиските противпожарни сили немаа ниту еден ден одишка од вчерашниот огнен ден, а гевгеличани мирен свод и чист воздух без чад во воздухот. Иста локација како и вчерашниот пожар кој однесе во пепел 30 хектари борова и ниско стеблеста шума зад „Фламинго“ исто како и вчера опожарен е левиот брег на Вардар, само што денеска огнот беснее на левата страна на автопатот „Пријателство“, во близина на Граничниот премин Богородица. и гори веќе два часа со максимални усилби на позарникарите да го стават под контрола.

 

Last modified on Среда, 04 Август 2021 - 15:35

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.