Доста е оган и пепел, и очај и страв

Сабота, 07 Август 2021

Ноќва е тешка во Делчевско-пехчевскиот регион, а пресудна за жителите на селата Будинарци, Мачево и Рабово каде беснее пожар веќе цел ден, и на места иако локализиран со промена на правецoт на ветерот продолжува да се потпалува. Од другата страна на планината со борова шума доаѓа пожар од правец на селото Разловци беровско, па селата можат да подпаднат под закана на оган од три правци во форма на потковица.

Тешката ноќ ја опишува жителка од овој огнено загрозен предел:

„Тажно небо над мојот град на крајот на овој тежок ден, тажно и во чад,
Заради сите изгорени дрвја,
Заради сите пеплосани фиданки и треви, јагленосани бубачки и шумска жители,
Заради плачот на старите луѓе по селата што мораат да ги напуштат своите домови живи да не изгорат во нив,
Заради стресот и беспомошноста на безбројте други,
Заради надчовечките напори на пожарникарите и сите вклучени во борбата со големата огнена стихија...
Ако тоа е Господи цената на сите наши гревови, доста е, платено е
Ако тоа е цената на престојната изборна кампања нека е проклета, доста е, платена е,
Смилувај се небо, смилувај се Сонце, и ти Господи, доста е оган и пепел, и очај и страв“, напиша Д. Младеновска на својот фејсбук профил.

Фото: Опожарените терени денеска во Делчевско-пехчевскиот регион

 

Last modified on Сабота, 07 Август 2021 - 02:19

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.