Вакциналниот тим составен од осум здравствени работници предводени од д-р Тодорка Окова и тројца доброволци од Црвен Крст Гевгелија денешниот работен ден го започнува со реализација на салдо од досега изведени вакцинации:
- Вкупно 9.057 вакцинирани граѓани;
- Ревакцинирани 4.324 граѓани;
- Вакцинирани при посета на теренска вакцинација вкупно 1.554 граѓани.
Овие бројки до пред недела дена ја квалификуваа општина Гевгелија како прва општина во државата со највисок процент на вакцинирани граѓани, 46.2% од вкупниот број на населението во општината, заклучно со 1 август. За изминатите денови процентот на вакцинален опфат расте, и заклучно до 10 авкуст достигна ниво на опфат од 53%. Ова значи дека секој работен ден на вакционалниот тим во Општа Болница Гевгелија се остварува имунизација на нови 1% од населението.
Гевгелија важи за општина со висока свест на граѓаните за општоприфатените норми на однесување, особено она што го практикува целиот свет, како град со европски карактеристики на живот и европски манири на однесување, па така и одзивот за имунизација која е фактор за отвореност на градот за странски гости, проток на луѓе и соодветна заштита на граѓаните со вакцинација против ковид-19 е со висок степен на интерес и прифатеност од страна на граѓаните.
Инаку во државата 32.3% од полнолетното население на територијата на целата држава е вакцинирано со барем една доза на вакцина.
Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста.
Двата вакцинални пункта во Општа Болница Гевгелија се отворени секој работен ден од -8 до 14:00 часот.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте
Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,
Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери
Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со
Од 1 септември мерки за заштеда на струја
Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и
Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците
Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната
Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра
Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори
Кривични пријави за двајца гевгеличани
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради
Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување
На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција