Топ Новости

Во Општа Болница Гевгелија вакцинирани 10.587 граѓани

Недела, 22 Август 2021

Гевгелија и понатаму е општина со највисок процент на вацинирани граѓани против ковид-19 во државата.
Заклучно со петокот, 20 август во Општа Болница Гевгелија вакцинирани се 10.587 граѓани, Тоа значи дека во текот на оваа недела аплицирани се 982 дози вакцини кај исто толку граѓани, а вакциналниот дневен учинок на тимот за вакцинација изнесува 200 лица во просек дневно кои го посетиле и биле услужени во вакциналниот пункт во гевгелиската Болница. Тоа исто така значи дека само за една недела од воведувањето на анти-ковид мерките од Владата интересот на граѓаните за вакцинација во гевгелиската Општа Болница се зголемил за 79,2 %.

Доктор Тодорка Окова која е задолжена за вакцинацијата против ковид-19 во рамките на Општа Болница Гевгелија со проширена надлежност и за населението од општините Богданци и Дојран, за GevgelijaNet извести дека интересот за вакцинација на граѓаните е зголемен. Напоредно, согласно вакциналниот картон издаден при приемот на првата доза од вакцината, во пунктот се вакцинирани со втора доза вкупно 6.392 граѓани. Со овозможувањето и малолетни лица да примат вакцина, каде фокусот се насочи на лица со пречки во развојот или со вродени коморбидитети, во вакциналниот пункт доброволно се пријавени (од нивните родители) 98 деца од 12 до 17 години и на истите им е аплицирана вакцина.

Заедно со бројот на вакцинирани граѓани кои за имунизација се пријавија во регионалните масовни пунктови за вакцинација, со спроведената вакцинација на примарната инфраструктура на вработени во здравството, МВР, образованието, градинките, транспортот, наплатните рампи, царина, и други, бројот на вкупното имунизирано население од Гевгелија изнесува преку 16.500 граѓани. Ова ја става општината на високо ниво на здравствената одговорност на граѓаните и највисок опфат на имунизација во рамките на државата.

Така, веќе трет извештај по ред, што го изготвува Министерствотот за здравство, нашата општина Гевгелија е на највисоката позиција од листата на општини со највисок вакцинален опфат на населението. Последниот извештај заклучно со 15 август процентот на имунизација изнесува 54,2%, а се однесува на вакцинирани граѓани со најмалку една доза вакцина против ковид-19 (опфатот го следи полнолетното население од 18 години па нагоре). Ако се земат во предвид и бројките на имунизирано население до 20 август, процентт се покачува на високи 63%.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
Досега вкупно се аплицирани 1.152.274 дози вакцини, а ревакцинирани се 499.934 граѓани.
Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста, велат од МЗ.

 

Last modified on Понеделник, 23 Август 2021 - 22:21

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ОВР Гевгелија: Кривични пријави против тројца вработени во ЈП „Комуналец“

Одделението за внатрешни работи Гевгелија до Основно јавно обвинителство

Повеќе

Најава за првиот студен бран и минусни температури

Подгответе се за минуснуте температури кои доаѓаат - најавува метеорологот

Повеќе

Празнична Литија за Пресвета Богородица - Согленска

Денеска претпладне, во 09:00 часот во манастирот „Свети Спас“ во Гевгелија ќе

Повеќе

Еко патрола во Негорци

Еколошките амбиции на локалните фактори ги има со години наназад во нивните

Повеќе

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.