13 годишниот Марко со нов пливачки маратон

Сабота, 04 Септември 2021

Девет часа и шест минути е времето на остварувањето на новиот подвиг на младиот 13 годишен пливач од Охрид, Марко Пејчиноски. Во најновиот негов спортски подвиг тој ја исплива релацијата Охрид-Струга-Охрид, а тие што го испратија на пливачкото корзо, со аплауз го дочекаа на местото од каде го започна пливачкиот маратон.

Маратонската релација Марко ја исплива во знак на поддршка за децата со ретки болести.

- „Марко успешно го заврши пливањето посветено на Децата со ретки болести. Релацијата Охрид-Струга-Охрид ја преплива за 9 часа и 6 минути. Ви благодариме на поддршката“, објави фејсбук-страницата на Пејчиноски.

Марко направи уште еден подвиг, откако преплива од Охрид до Св.Наум на 4-ти јули во чест на празникот посветен на „Преподобен Наум Охридски Чудотворец“ кој се празнува на тој ден и стана најмладата личност која ја препливала оваа патека за време од 7 часа и 15 минути.

Младиот пливач на 28 август пред три години (на своја 10 годишна возраст) го преплива Охридското Езеро за девет часа.
Тој е толку посветен на пливањето што дури ниту дијагнозата на инфаркт на коскената срцевина на екстремитетите не го спречува во остварувањето на своите пливачки потфати и остварени цели. Напред Марко!

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.