Гевгелиските тркачи трети на атлетскиот митинг „Трчај бе“

Недела, 12 Септември 2021

На третата по ред балканска меѓународна атлетска спортска манифестација „Трчај бе“ што се одржа денеска во Битола, атлетичарите од АК „7-ми Ноември“ од Гевгелија понижија успеси и трето место во екипен состав.
Нивните тркачки способности ги измерија во конкуренција на 800 тркачи, претставници на атлетски клубови од 8 земји од Балканот: Македонија, Турција, Косово, Бугарија, Романија, Хрватска, Албанија и Србија.

Најуспешен настап на еден чекор до пиедесталот имаше гевгелиската претставничка од АК „7-ми Ноември“ Цеца Србова која го освои високото второ место со време од 21 мин и 55 сек на трката од 5 километри.

Втор забележителен успех имаше во трката на 5 километри за мажи, гевгелискиот атлетичар Атанас Епов кој стигна четврти на целта со време од од 17 мин и 06 секунди.

Третиот успех на гевгелиските учесници е достигнувањето на Тодор Анчев во трката на 10 километри каде тој истрча како 8-ми на целта, со време опд 39 мин и 44 секунди.

Останатите достигнувања на тркачите од Гевгелија се:
- Стојан Делев со пласман како 10-ти на трката од 5 км, со време од 18 минути и 50 секунди,
- Ристо Чалков 11-ти, на трка од 5 км. и
- Никола Ковачев се пласираше на 16 место на трката од 10 км.

Сепак, улиците на Битола со градските трки од 5km, 10 km и полумаратонот од 21 километар денеска ги преплавија 800 учесници, а меѓу нив и 17-члената екипа на атлетичари-тркачи од Гевгелиски „7-ми Ноември“: Тодор Анчев, Никола Ковачев, Кристијан Прошевски, Игор Коцевски, Драган Ристов, Ангел Делиќ, Атанас Епов, Ристо Чалков, Стојан Делев и Дарко Прошевски (од машкиот тимски состав) и Валентина Узунова, Данче Крајчева, Русимка Динева, Кристина Узунова, Магдалена Јованова, како и Цеца Србова и Цеца Нечевска (од женскиот тимски состав на АК од Гевгелија).

Преглед на резултатите:

21к Балканско Мажи
1. Ilie Alexandru Corneschi - Romania
2. Ahmed Alkanoğlu - Turkey
3. Dario Ivanovski - Macedonia

21k Балканско жени
1. Marinela Nineva - Bulgaria
2. Liliana Maria Dragomir - Romania
3. Neja Kršinar - Slovenia

10k Мажи
1. Димитар Петровски
2. Кристиан Стојани
3. Трајче Илијевски

10k Жени
1. Билјана Кираџиева
2. Душица Јанковиќ
3. Марина Домазетовска

5к Мажи
1. Пепи Анакијев
2. Кристијан Наумовски
3. Michaël Van Baelen

5k жени
1. Милена Чкрипеска
2. Цеца Србова
3. Мери Чкрипеска

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Заедничката литургија во Скопје на СПЦ и МПЦ-ОА - признаена автокефалноста на

Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм

Повеќе

ПРЕС на ОО на СДСМ Гевгелија

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов

Повеќе

Ново игралиште „Емилија Динева “ во Дојран

Првиот донор на срце во државата, дојранчанката Емилија Динева ќе остане

Повеќе

Притвор за 35 годишен шверцер од Дојран

На 10 минути после полноќ, во текот на вчерашниот ден недела 22 мај лишен е од

Повеќе

Црквата „Св. Кирил и Методиј“ со богата програма за чествување на Сесловенските

Денот на браќата Кирил и Методиј, основоположниците на македонската и

Повеќе

Благодарница за ТППЕ-Гевгелија од СДСМ и коалицијата во Советот

За Денот на пожарникарите 20 Мај, денеска претставници на советничката група на

Повеќе

Пресудa за „ТНT“: 9 години затвор за Груевски, 3 години за Јанакиески

Кривичниот суд во Скопје денеска изрече затворски казни за обвинетите во

Повеќе

Заедничка Литургија на: МПЦ-ОА и СПЦ во Белград

Во храмот Свети Сава во Белград изутринава се одржа неколкучасовна литургија на

Повеќе

Пожар во воз на МЖ кој сообраќал кон Гевгелија

Пожар во локомотива на Македонски железници избувна вчера, во возот, кој

Повеќе

IN MEMORIAM: Никола Гелебешев - голманската легенда на ФК „Кожуф“

Скротителот на бубамарата низ зелените терени во настапите на ФК „Кожуф“ -

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.