Две ковид жртви во регионот на ЦЈЗ Гевгелија

Среда, 15 Септември 2021

Министерството за здравство известува дека денеска се регистрирани 32 починати лица од компликации предизвикан од ковид-19. Меѓу нив се и двајца жители од југот, еден 68 годишен пациент од Гевгелија и еден 49 годишен ковид пациент од Богданци.
Ова е 75 регистрирана ковид жртва во рамките на општина Гевгелија, а 14 во општина Богданци.

Нивната смрт ја пополни графата на фаталниот четврти летен ковид бран кој поминува во знакот на Делта сојот со регистрирани вкупно 5 жртви од вирусот на XXI век во подрачјето на ЦЈЗ Гевгелија. Најпрво беше 50 гевгеличанец, па 62 годишен богданчанец регистриран на 8 септември, следниот ден на 9 септември 18 годишна трудница од Гевгелија, и денеска регистрираните 68 годишен богданчанец и 49 годишен гевгеличанец.

Дистрибуцијата на корона по општини е следна:
- Гевгелија во моментот има 66 активни случаи на ковид-19;
- Богданци во моментот живее со 20 активни случаи на ковид-19; а
- Дојран во моментот стагнира со најмалата бројка на регистрирани активни лица од ковид-19 во цела држава, со вкупно 4 случаи на ниво на општина.

Во државата денеска се регистрирани 617 новоинфицирани од ковид и 450 оздравени, па вкупната бројка на активни лица во моментот изнесува 13.027. Најмногу од нив се жители на Скопје, а најмалку (само 4 позитивни) се жители на општина Дојран.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.