ФК „Џокер“ од Фурка освои 5 пехари и 9 трофеи на турнирот во Богородица

Недела, 26 Септември 2021

Апсолутен победник на меморијалниот турнир во мал фудбал „Мирче Костов“ во Богородица е ФК „ЏОКЕР“ од Фурка кои освоија вкупно пет пехари, од кои три златни за освоено прво место и два сребрени пехари за своено второ место.
Потврдата за фудбалската умешност на младите членови на ФК „Џокер“ се и освоените девет трофеи за најдобри стрелци, најдбри играчи и најдобри голмани во четири различни возрасни категории.

Прво место освои тимот составен од играчи од генерација 2006/07 ФК „Џокер“ од Фурка на турнирот во Богородица. Во оваа категорија наградите и трофеите за најдобар, стрелец, играч и голман ги понесоа фубдбалерите на ФК „Џокер“ од Фурка.
- Најдобар стрелец Филип Зајков,
- најдобар играч Милан Илиев,
- најдобар голман Никола Илиев.

Прво место за генерација 2008/09 и победнички пехар во рацете на фудбалерите од ФК „Џокер“ Фурка.. Во оваа возрасна категорија, најдобар стрелец е прогласен Глигор Бучков., најдобар голман Томе Стоилков.

Генерација 2010/11 освои второ место и повторно пехар за пласманот. Во оваа категорија најдобар играч е прогласен Филип Лазаров.

Гевгерација 2012/13 освоија Прво и Второ место бидејќи имаше две екипи пријавено во оваа возрасна категорија на натпреварување на турниротод страна на ФК „ЏокеР“.
- Најдобар стрелец е прогласен Кристијан Димитров.
- Најдобар играч Богдан Трајков
- најдобар голман Благој Јанчев.

Еден меморијален турнир со 20 годишна традиција, 25 учесници на турнирот, а само ФК „Џокер“ успеа да пронижи 14 награди и да ги однесе во своите клубски простории во Фурка. Честитки за младите фудбалски надежи од Фурка и за посветениот тренер Кристијан Ристов.
Вака изгледаше синоќа радоста на младите фудбалери од Фурка на затварањето на меморијалот во Богородица.

Last modified on Недела, 26 Септември 2021 - 21:59

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.