Tрета победа на ракометарите на гевгелиски „Партизан“ во рамки на групата Б од Првата ракометна лига - тие попладнево на домашен терен ја совладаа екипата на „Шампион“ од Карпош-Скопје со резултат од 30:22, во 7-то коло.
Гостите од Скопје добро се држеа во текот на провто полувреме, после одличниот старт и водство од 0:3 за Шампион, домаќините успеаја да се вратат и за првпат да поведат со 6:5. До крај на полувремето се играше израмнето, а во завршните две минути Партизан обезбеди предност од 16:14 на полувреме.
На почетокот на второто полувреме со серија од 4:0 гевгелискиот ракометен тим „Партизан“ направи одлично водство од шест гола кое беше недостижно за „Шампион“ кој на натпреварот настапи со девет ракометари и немаше сили за изненадување.
Во екипата на „Партизан“ сите голови ги постигнаа пет ракометари, а најефикасен беше Тодор Узунчев со 12 погодоци, потоа Горан Лисичков кој постигна шест гола. Во тимот на „Шампион“ со девет погодоци најефикасен беше Кристијан Тодоровски.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте
Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,
Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери
Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со
Од 1 септември мерки за заштеда на струја
Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и
Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците
Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната
Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра
Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори
Кривични пријави за двајца гевгеличани
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради
Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување
На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција