Топ Новости

Гевгелија ја регистрираше 85-та корона жртва

Среда, 10 Ноември 2021

Немилосрден исход од средбата на коронавирусот со организмот на еден наш 71 годишен сограѓанин, жител на општина Гевгелија, денеска го испиша 85-от црн епилог во ковид билансот на Општина Гевгелија за време на оваа пандемија.
Пациентот со ковид дијагноза бил хоспитализирал, но починал и покрај укажаниот лекарски третман од компликации настанати во организмот од контактот со коронавирусот.

Заедно со загубата на наш сограѓанин/ка Македонија денес бележи вкупно 13 ковид загуби и уште 8 регистрирани во системот „Мој термин“ со датум на смрт евидентирани во периодот од 31.10-08.11.2021.


Последните 5 денови Гевгелија бележи двоцифрена бројка на новозаразени помеѓу своите граѓани од Општината. Со помал број на оздравени цифрата на заразените, активни на корона на искачи за 50-на и моментално изнесува 135 лица.
Богданци денеска бележи 3-ца оздравени и вкупно 28 активни лица на ковид-19 во моментот.
Во Дојран епидемиолошката состојба мирува со 6-мина активни лица во моментот.

Стручњаците предупредуваат на нов зимски ковид бран и апелираат граѓаните да се вакцинираат, тие кои не се вакцинирани да поитаат во вакциналниот пункт и да извршат имунизација против ковид-19. Тие што имаат примено две дози вакцина да се јават да примат трета доза „Фајзер“, но само по изминати три месеци од ревкцинацијата со „Синофарм“ и „Синовак“ и изминати шест месеци од ревакцинацијата со „Спутник“ и „Астра Зенека“.

Дека епидемиологијата во земјата расте покажува и денешниот извештај на ИЈЗ во кои се нотирани 635 нови случаи на заразени од корона, а 273 оздравени (што е превласт на заразените). Вкупниот број на активни на ковид-19 во државата достигна 8.368 лица.

 

Last modified on Среда, 10 Ноември 2021 - 21:06

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Олга Мурџева-Шкариќ добитничка на „Цветиновата награда за мир“

Денеска напладне во Меморијалниот центар на Фондацијата „Никола Кљусев“ во

Повеќе

Иницијатива - 25 јануари да биде ден на хуманоста во Македонија

Роденденот на нашата музучка и балканска ѕвезда, Тоше Проески е денеска 25

Повеќе

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.