Топ Новости

Македонката Мери Акиевска освои 4 златни медали

Сабота, 13 Ноември 2021

Македонската и балканската шампионка во бодибилднг Мери Акиевска стана четирикратна светска шампионка во фитнес и бодибилдинг.

Светска јуниорска и сениорска велнес шампионка, стана апсолутна шампионка во јуниорска и во сениорска конкуренција, со освојувањето на четири златни медали на 75-тиот светски шампионат во бодибилдинг и фитнес, одржан во шпанскиот град Санта Сузана, минатата недела.

Сонот за освојување на светската сцена за Мери Акиевска веќе е реалност.

Оваа девојка од Крива Паланка стана светска јуниорска велнес шампионка, апсолутна шампионка во јуниорска конкуренција, светска сениорска велнес шампионка и апсолутна шампионка во сениорска конкуренција!

По тој повод беше организиран прием во Агенцијата за млади и спорт, на кој Акиевска ги презентираше впечатоците од овој огромен успех за македонскиот боди билдинг и фитнес.
Ова беше најголемото светско натпреварување до сега, а македонската химна се слушна дури четири пати. Таа искажа огромна благодарност до Агенцијата за млади и спорт за поддршката без која овие успеси не би биле постигнати.

На Светското првенство учествуваа 102 држави од целиот свет и повеќе од 1.500 натпреварувачи. Во силна конкуренција Акиевска постигна неверојатен успех, победувајќи во својата категорија до 163 см висина во јуниорска и сениорска конкуренција и во двете категории освои и победи во апсолутна категорија.

 

Last modified on Сабота, 13 Ноември 2021 - 13:21

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ОВР Гевгелија: Кривични пријави против тројца вработени во ЈП „Комуналец“

Одделението за внатрешни работи Гевгелија до Основно јавно обвинителство

Повеќе

Најава за првиот студен бран и минусни температури

Подгответе се за минуснуте температури кои доаѓаат - најавува метеорологот

Повеќе

Празнична Литија за Пресвета Богородица - Согленска

Денеска претпладне, во 09:00 часот во манастирот „Свети Спас“ во Гевгелија ќе

Повеќе

Еко патрола во Негорци

Еколошките амбиции на локалните фактори ги има со години наназад во нивните

Повеќе

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.