Топ Новости

Македонија е во бараж за СП, Исланд падна во Скопје!

Недела, 14 Ноември 2021

Македонската фудбалска репрезентација го победи Исланд со 3-1 и се пласираше во бараж за пласман на Светското првенство во Катар. Ова е најголем успех за Македонија во едни квалификации за големите натпреварувања.

Фудбалските херои на Македонија вечерва ни' приредија нова радост, одиграа уште еден одличен меч, го победија Исланд на Арената „Тодор Проески“ во Скопје и го освоија второто место во квалификациската група, кое нè носи во бараж за пласман на Мундијалот.

Македонија фуриозно го почна мечот, во втората минута Трајковски шутна крај голот, а две минути подоцна Елмас се обиде, но голманот Олафсон го одбрани неговиот удар.

Таквиот агресивен старт донесе и ран погодок, во седмата минута по едно одлично додавање од Трајковски, Алиоски постигна убав гол за водство на Македонија од 1-0.
Пред крајот на првото полувреме вторпат ја затресовме мрежата на Исланд, Чурлинов постигна погодок, но голот ни' беше поништен поради офсајд. На одморот заминавме со водство од 1-0.

Исланд успеа да изедначи рано во второто полувреме, во 54. минута, Торстенсон искористи едно невнимание на македонската одбрана и постигна гол за 1-1.

Но таквиот резултат не траеше многу долго, десетина минути подоцна Македонија си го врати водството. Алиоски на двапати се обиде, по што се создаде мешаница пред голот на Исланд, но Елмас најдобро се снајде и погоди за 2-1.
Сите дилеми околу победникот ги реши Елмас во 85. минута, по една одлична акција го постигна својот втор гол на натпреварот и ги постави конечните 3-1.

По последниот судиски свиреж почна големата радост за овој нов успех на македонските фудбалери, кои вечерва ги заслужија сите аплаузи на многубројната публика на Арената „Тодор Проески“.
Ни остануваат уште две пречки во баражот до пласман на Светското првенство во Катар. Ждрепката за тие дуели ќе се одржи на 26 ноември.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ОВР Гевгелија: Кривични пријави против тројца вработени во ЈП „Комуналец“

Одделението за внатрешни работи Гевгелија до Основно јавно обвинителство

Повеќе

Најава за првиот студен бран и минусни температури

Подгответе се за минуснуте температури кои доаѓаат - најавува метеорологот

Повеќе

Празнична Литија за Пресвета Богородица - Согленска

Денеска претпладне, во 09:00 часот во манастирот „Свети Спас“ во Гевгелија ќе

Повеќе

Еко патрола во Негорци

Еколошките амбиции на локалните фактори ги има со години наназад во нивните

Повеќе

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.