Топ Новости

Од 1 декември започнува со работа општинската комисија за одобрување нега од друго лице

Четврток, 25 Ноември 2021

Долго очекуваната комисија за определување (одобрување) потреба од користење на нега од друго лице за пациентите од општина Гевгелија и регионот на надлежност на Општа Болница Гевгелија, официјално започнува со работа од 1 декември 2021, во среда, следната недела.

Денеска матичните доктори од Гевгелија добија термини за утврдување на барањата на пациентите кои имаат поднесено барање за определување помош за нега од друго лице. Термините беа одобрени од Министерството за здравство за 1 декември 2021 и вкупно 60 термини беа распределени денеска. Сите 60 барања за одобрување на правото за користење нега на пациенти од трето лице Општинската Комисија од Гевгелија ќе ги разгледува во утврдените термини на 1 декември, на првиот свој работен ден.

Комисијата која ќе ги разгледува, утврдува, конечно одобрува или одбива барањата е во состав:  Д-р Зоран Прочков, спец. по Физикална терапија, претседател на Општинската Комисија за доделување нега од друго лице за Гевгелија, Благој Чочков - д-р спец. интернист, дел од тимот лекари во гевгелиската модуларна ковид болница, и д-р спец. невролог Јасмина, вработена во Општа Болница Гевгелија.

Одобрувањето од Комисијата за користење нега од друго лице е последната инстанца за да пациентот стане корисник на парична помош која за оваа намена ја одобрува Општинскиот Центар за социјални работи во Гевгелија преку Министерствотот за труд и социјала на РСМ.

Со оваа новоформирана Комисија одобрена од Министерството за здравство се скратува „патот“ на пациентите за комисиско одобрување за нега од трето лице кое до сега одеше преку здравствените установи од регионот, од Струмица, Штип, па се' до Скопје.



Last modified on Четврток, 25 Ноември 2021 - 21:26

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Олга Мурџева-Шкариќ добитничка на „Цветиновата награда за мир“

Денеска напладне во Меморијалниот центар на Фондацијата „Никола Кљусев“ во

Повеќе

Иницијатива - 25 јануари да биде ден на хуманоста во Македонија

Роденденот на нашата музучка и балканска ѕвезда, Тоше Проески е денеска 25

Повеќе

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.