Топ Новости

Сребрен медал за Валентина на Strumina Trail

Недела, 28 Ноември 2021

Валентина Узунова - жена која не знае за пораези. Неделава освои трето место и сребрен медал на традиционалната спортска манифестација Strumina Trail што се одржува по осми пат во градот под Исарот, Штип.

Таа е рдовен медалист во женска конкуренција на спортските настани во државата во категоријата 50+ , заради ретките тркачки на нејзина возраст. Но, денеска успехот е поголем и повозбудлив за неа, бидејќи го реализира во конкуренција со сите возрасни категории од женската трка на 18,8 километри низ живописните природни висини на Штип кои дoстигнуваа на места и 700 мнв, а таа се избори за трето најдобро време од 2 часа, 9 минути и 21 секунда.
Валентина и оваа своја трка, и оваа своја победа ја посвети на болните од Пулмонална хипертензија и на својата непрежалена пријателка Ѓургица Ќаева која беше претседател на Здружението на „ПХ болните“, но за жал прерано ја заврши својата животна трка за здив.

За квалитетот на теренската траса сведочи видеото направено од Методија Ичев, исто така учесник на трката во машка конкуренција како член на АК „7-ми Ноември“ Гевгелија кој трасата долга 19,4 километри, која тој ја помина за 2 часа и 41 минута. Третиот атлетичар кој настапи на денешната тра во боите на АК „7-ми Ноември“ беше Мијалче Андоновски,

Честитки за атлетичарите на 7-ми Ноември кои остануваат неуморни и забележителни на речиси најважните сортски настани во државата и соседството, со што оставаат белег за спортскиот тренда на Гевгелија.

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.