Да, мајка ќе чека!

Четврток, 30 Декември 2021

Чека мајка. Сон не ја фаќа. На скалилата чека. Ги нема да дојдат. А ветија. На софрата, колку рацете ја држеа и колку имаше, постави се'. Поминаа сите празници, а нив ги нема. И Свети Никола помина. Абер и' пратија поради пустатата епидемија не можеле да дојдат. Чека на скалилата, не во собата каде масата е полна со јадења. Од рани зори до мрак чека. Погледот не го трга од тесниот сокак. Одтаму ќе дојдат.

- „Ќе дојдат, шепнува тивко. Ќе дојдат. Ќе ги дочекам. Тука ќе ги чекам. И ќе ги дочекам. Ако е ладно. Имам сили. Ќе ги чекам!.До Нова година има уште малку. Ќе дојде ќерката со зетот, со внучињата. Знам. Да, знам дека ќе дојдат. Софрата е подготвена. Ќе ги гушнам, милите мои и ќе ги нагостам. Не, не. Нема да плачам. Може некоја солза да ми се стркала по лицето, но, нема глас да пуштам. Срцето и душата нека плачат. А, ако не дојдат?.Ех, пустата јас. Не, не. Ќе дојдат, Ќе дојдат. Тие ми се се'. Мора да дојдат. Мајка ќе ги чека“.

Да мајка ќе чека!

Автор: Стоилко Андреевски - новинар

P.S.
Посетете ги родителите за празниците. Тие Ве чекаат нестрпливо. И, бидете сигурни дека сте здрави и дека со себе ги носите само Вашата љубов и внимание, а не и короната.

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте

Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,

Повеќе

Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери

Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со

Повеќе

Од 1 септември мерки за заштеда на струја

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и

Повеќе

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Кривични пријави за двајца гевгеличани

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.