Топ Новости

Лажни тестови во Дојран - Издадени забрани за две правни лица

Сабота, 08 Јануари 2022

Во дојранско казино се вршеле ковид-тестирања без дозвола од МЗ, Државниот здравствен санитарен инспекторат издаде забрани за вршење здравствена дејност во казино „Кинг“ и за лабораторијата „Елимедика плус“

Откако на 6-ти јануари Државниот здравствен санитарен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор утврдиле дека во казино во Дојран наспроти прописите за здравствена заштита, лабораторија врши ковид тестирање.

Според информациите на Телма, станува збор за казиното ДТУ „Кинг Еуропе“, автомат клуб Подружница Стар Дојран и за ПЗУ „Елимедика плус“- Гевгелија. Вонредниот надзор е извршен поради добиени информации дека во посочениот правен субјект во Стар Дојран се вршат корона тестирања.

При надзорот во казиното „Кинг“ во Дојран е констатирано дека постои „импровизиран пункт“ лоциран на првиот спрат во административниот дел, а на таа просторија имало ознака „Covid test“. Во моментот на надзорот во просторијата затекнати биле три медицински лица во комплетна лична заштитна опрема. Во евиденцијата за тој ден биле евидентирани 7 тестирани лица.

При надзорот во ПЗУ „Елимедика плус“, прегледана е медицинската документација согласно законите кои се во надлежност на ДСЗИ.

По завршување на надзорите ДСЗИ донел две решенија за забрана.

За казиното ДТУ „Кинг Еуроп“е е донесено решение за забрана за вршење на здравствена дејност спротивно на прописите за здравтсвена заштита и забрана за употреба на објект (простор) без претходна согласност или одобрение од Министерството за здравство.

Иста забрана е донесена и за лабораторија ПЗУ„ Елимедика плус“ од Гевгелија што значи дека тие не смееле и не смеат да вршат ковид тестирања во рамки на казино за кое не постои одобрение за вршење на здравствена дејност.

Извор: Телма



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Олга Мурџева-Шкариќ добитничка на „Цветиновата награда за мир“

Денеска напладне во Меморијалниот центар на Фондацијата „Никола Кљусев“ во

Повеќе

Иницијатива - 25 јануари да биде ден на хуманоста во Македонија

Роденденот на нашата музучка и балканска ѕвезда, Тоше Проески е денеска 25

Повеќе

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.