Јануарски корона скок во ЦЈЗ Гевгелија и во државата

Недела, 09 Јануари 2022

Денеска во државата бројот на корона активни граѓана по втор пат од почетокот на пандемијата стана петтоцифрен број, ја надмина 10.000-та и изнесува 10.578 лица заразени со ковид-19.

Трендовски во пораст е и корона инциденцата во регионот на Центарот за јавно здравје Гевгелија, каде во изминатото деноноќие се регистрирани нови 30 позитивни на вирусот корона. Од тоа 26 во Гевгелија, 3 во Богданци и 1 во општина Дојран.

Од почетокот нановата 2022 година до денеска бројот на заразените во регионот порасна за 96 лица. Територијалната присутност на вируленцијата е поголема во Гевлелија со нови 80 заразени во првите 9 дена од јануари. а по 8 новозаразени лица во истипт период бележат и општина Богданци и општина Дојран.

Денешната ковид слика во регионот е следна:
- Гевгелија има 181 активни на ковид-19 во моментот;
- Богданци има 37 активни лица на ковид-19, и
- Дојран има 7 активни лица на ковид-19.

Тоа значи дека за само 9 денови од јануари, сликата на корона активните во регионот на трите јужни општини се дуплирала, исто како и во државата. Од 4.828 корона активни на 1 јануари денеска се 10.578 активни, што е повеќе од двоен пораст на новоинфицираните граѓани со коронавирусот. Ова е данокот на празничните дружења, зближувања и олабавената примена на антиковид протоколите од страна на граѓаните.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија

Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.