Тoмитка - гевгелиски првак во читање книги

Понеделник, 10 Јануари 2022

Томитка Раданлиева од Гевгелија направи несекојдневен потфат во изминатата година, читајќи вкупно 438 книги, што е за поздравување. Таа во разговор за „Фокус“ раскажа за нејзината љубов кон книгите, кои и се најверен другар кога живееме во време на пандемија и контактите е препорачливо да ги сведеме на минимум.

- „Читам книги од малечка, уште од предучилишна возраст – ги читав сликовниците со помош на мојата баба. Потоа, љубовта кон книгите ја засадија моите учителки, наставници и професори во основното и средното училиште. Секогаш ги читав лектирите и делата, а некои ги читав и по повеќе пати. Така, читав секогаш кога имав слободно време, после училиште, или кога ќе завршев со работа. Кога станав мајка, добив многу нови обврски, но, времето за читање книги ми беше се‘ помало и помало. Пред три години, заради здравствени проблеми ја прекинав работата која ја работев долги години и започнав активно и постојано да читам книги“, го започна разговорот Раданлиева.

Зачленувањето во книжевните групи на социјалните мрежи дополнително ја поттикнале да се „зарази“ со книгите кои секојдневно и прават друштво.

-„Кога не смеете да движите многу и кога цел ден треба да го поминете лежејќи, нема што друго да се прави. Само лежам и читам, а тоа е се' што ме исполнува. Прочитаните книги не ги гледам како бројка, туку само водам евиденција за тоа што сум го прочитала. Си имав зададено да прочитам околу 350 книги, но, тоа беше само уште еден предизвик за мене. Можам да кажам дека читав постојано во денот, ете, без основните дневни потреби, околу 12 до 15 часа. Најчесто читам по повеќе книги во исто време, па некогаш во ист ден завршувам со читање на две до три книги, секако, ако се со помал број на страници“, го продолжи разговорот таа.

И покрај големата бројка на прочитани книги, Раданлиева се потруди да ги одбере најдобрите три прочитани за изминатата 2021-ва година.

- „Прва е „Татковина“ од Фернандо Арамбуру. Историска фикција која опишува две премногу блиски шпански семејства, кои се замразиле поради политички конфликт со појавата на паравоената организација ЕТА. Арамбуру заслужено е еден од најнаградуваните шпански автори, со прекрасни приказни зад себе.
Втора е „Убиј го таткото“ од Сандроне Дациери. Во оваа книга се зборува за Данте Торе, кој поминал 11 години затворен во силос од бетонски ѕидови, од човек познат како „Таткото“. Данте му побегнал на киднаперот, но по неколку години, како вработен во полицијата, Данте дознал за случај кој упатува кон Таткото, кој сакал повторна средба со него.

Трета за 2021 – ва година би ја издвоила историската фикција „Запишано во ѕвездите“ од Паринуш Сание. Можам да кажам дека е многу повеќе од една љубовна драма, бидејќи овде се опишани традициите во Иран, за судбината на жените и нивните големи страдања. Ги сакам книгите кадешто се опишани традициите на разни култури, а оваа книга дефинитивно ќе ја паметам уште долго“, го заврши разговорот нашата соговорничка.

Автор: Јорданчо Цветаноски
Извор: Фокус

 

Last modified on Понеделник, 10 Јануари 2022 - 19:46

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија

Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.