Финансиска помош за сметките за струја за 7.500 домаќинства со ниски примања
Помош од 600 до 800 денари месечно за сметките за струја ќе добијат семејствата во социјален ризик, со најновата владина мерка - субвенционирање за трошоците за електрична енергија за домаќинстватав со ниски примања.
За таа цел одвоени се вкупно 60 милиони денари од страна на државата за социјалните категории на граѓани чии месечни примања не надминуваат над 30.000 денари. По категории, право на субвенционирање за електрична енергија имаат следните семејни заедници:
- самец до 15.194 денари;
- домаќинство со два члена до 18.000 денари;
- домаќинство со три члена до 21.000 денари
- домаќинство со четири члена до 25.000 денари; и
- домаќинство со пет и повеќе члена до 30.000 денари
Пријавувањето за користење на оваа субвенција почнува од денеска.
Граѓаните треба да аплицираат во Министерството за економија, а во прилог меѓудругото ќе треба да достават потврда за висина на исплатена плата, потврда од Агенцијата за вработување доколку лицата не се вработени, фотокопија од последната добиена сметка за потрошена електрична енергија во 2021.
Според јавниот оглас објавен на веб- страната на Министерството за економија, лицата со ниски примања се стекнуваат со финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 до 800 денари месечно сметано од денот на поднесување на барањето.
Рокот за аплицирање по овој јавен оглас изнесува 30 дена сметано од денот на објавување на јавниот оглас.
Јавниот повик и потребната документација може да ја најдете на веб-страната на Министерството за економија на следниот линк: https://www.economy.gov.mk/doc/3070
Од почетокот на новата 2022 година, сметките за струја се повисоки за 9,48% а воедно беше укината и дневната евтина тарифа од 14 до 16 часот.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте
Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,
Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери
Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со
Од 1 септември мерки за заштеда на струја
Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и
Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците
Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната
Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра
Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори
Кривични пријави за двајца гевгеличани
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради
Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување
На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција