Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Петок, 14 Јануари 2022

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката за растеретување на енергетскиот систем од недостиг на електрична енергија во земјава, кој го најавува Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)..
Деновиве ЈПДП започна постапка за дополнително етапно спроведување на максимална рестрикција на осветлувањето поставено на државните патишта, со запазување на безбедноста на сообраќајот во ноќните часови, информираа преку нивната Фејсбук страница.

Рестрикции на осветлувањето пак нема да се вршат во тунелите на државните патишта во земјава, додаваат тие.

ЈПДП започна со намалување на осветлувањето во ноември минатата година, спроведувајќи ја одлуката на Владата со која се предвидува минимален сигурносен обем на осветлување на улици, плоштади и други објекти, која ги опфаќа и патиштата, со цел растеретување на енергетскиот систем од недостиг на електрична енергија во земјава.

Оттука тие ги повикаа возачите да ја прилагодат брзината на движење спрема условите на патот и да бидат внимателни заради нивна безбедност и безбедност на останатите учесници во сообраќајот.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте

Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,

Повеќе

Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери

Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со

Повеќе

Од 1 септември мерки за заштеда на струја

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и

Повеќе

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Кривични пријави за двајца гевгеличани

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.