Конечно: „Нула“ новозаразени, 5 оздравени од ковид-19 во Гевгелија

Понеделник, 28 Март 2022

Бранот на омикрон вируленцијата во Гевгелија конечно со ден во кој нема детектирано ниту еден нов случај на инфицирани со ковид-19, а регистрирани се 5 оздравени лица.

Регионалната ковид слика покажува дека во моментот има вкупно 31 граѓани кои се активни на ковид-19, од тоa 23 се во Гевгелија, 7 се жители на општина Богданци и еден во општина Дојран.
Дојран и понатаму е рекордер во државата како прва општина која излезе победник во петтиот по ред корона бран кој помина во знакот на „омикрон сојот“ и 31 ден живееше како оппштина со „НУЛА“ случаи. Од саботата регистриран е еден нов слуучај на корона позитивно лице.

Заменик министерот за здравство д-р Рендевски вели дека и државата веќе е во т.н. „зелена“ фаза од ковид состојбата и тоа според три параметри: опаѓачкиот број на новоинфицирани, опаѓачкиот број на починати и опаѓачкиот број на хоспитилизаринте лица. Од сите три бројки се изработува алгоритам според стандардните протоколи на СЗО и се добива коефициент кој Македонија ја позиционира во „ЗЕЛЕНА ковид зона“ на Светската корона мапа.

Според студија изработена во Министерството за здравство за населението во Македонија, се работеше серолошки скрининг за вакцинираната и невакцинираната популација и, истиот покажа дека кај првата група на невакцинирани има присуство на антитела кај 75 отсто, додека во втората група на вакцинирани околу 86 отсто. Ова укажува дека Македонија е земја со доста добра имунолошка состојба.

Моменталниот број на активни на ковид-19 во државата се 1.834 лица.



Last modified on Понеделник, 28 Март 2022 - 19:07

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.