Постарите гевгеличани паметат за тоа како воз со вагони полни со експлозив, стационирани на Железничката пруга во Гевгелија, експлодирале.
Тоа било далечната 1942 година кога овде германкста окупаторска војска користејќи ја железничката пруга вршела дотур на воена опрема, муниција и експлозив до следните боишта во Европа. Гевгелија како град на железничката трансферзала со Европа од Минхен до Солун била на картата на окупаторот. тој
На тој ден се сеќава и гевгеличанецот Ефтим Глигоров, кој бил дете, но освен детонацијата на вагоните запаметил дека за да не се срамне Гевгелија со верижна детонација на вагоните полни со експлозив била заслужна храброста и пожртвуваноста на еден германски полковник, кој ги одвоил вагоните со своето тело.
Но, најповеќе од се' малиот Ефтим запомнил дека тавата ручек „Риба полнета со ориз“ била полна со срчи од искршените прозори во куќата како последица од експлозијата и механичкиот удар што таа го предизвикала. Од тогаш како дете до сега не пробал јадење „Риба полнета со ориз“ како најлошо негово сеќавање за тој експлозивен и најстрашен ден од неговото детство.
Денеска после 80 години се охрабри да го проба истото јадење и да ги евоцира спомените од тој огнен ден за Гевгелија кога денот бил исполнет со чад, прашина и портокалова боја од срушени покриви, ќерамиди и други оштетени објекти.
Гевгелија преживеа, Ефтим помина уште 80 лета после тоа, а рецептот на бабата Тана рдена дојранчанка омажена во Гевгелија ете преживеал и до денеска и на домашните софри во Дојранско, и во тамошната ресторанска понуда.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте
Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,
Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери
Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со
Од 1 септември мерки за заштеда на струја
Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и
Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците
Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната
Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра
Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори
Кривични пријави за двајца гевгеличани
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради
Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување
На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција