Конечно короната падна под илјада активни лица во државата и моменталната состојба изнесува 826 лица активни на вирусот ковид-19.
Од 35 општини во државата за кои Институтот за јавно здравје води секојдневна евиденција на ковид состојбата дури 7 се без ниту еден активен случај на ковид-19. Од седумте општини „без корона“ две се на подрачјето на Центаот за јавно здравје Гевгелија - општина Дојран и опш. Богданци.
Гевгелија моментално живее со 7 активни случаи на ковид-19. Изминатите 14 денови (две седмици наназад) Општина Гевгелија покажува осетен пад на инциденцата (степенот на ширење на заразата) која бележи индекс од 46,2% пад надоле.
Гевгелија од почетокот на епидемијата бележи 4.396 заразени граѓани, од кои 4.268 оздравеле, 121 починале како последица од ковид, а моментално се водат 7 активни случаи од кои 6 се заболени со вирусот во последната недела од овој извештај.
Состојба во регионот на ЦЈЗ Гевгелија:
- Гевгелија - 7 активни
- Богданци - „0“ случаи -(вкупно заразени 1.019, оздравени 995, 24 завршиле со смртни последици);
- Дојран - „0“ случаи - (вкупно 345 заразени, 337 оздравеле, 8 смртни случаи како последица од корона.
Во државата има уште 15 општини со едноцифрен број на активни случаи. Од нив 6 општини имаат само по 1 евидентиран случај на активен на ковид-19, ( Св.Николе, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар и Пехчево). Уште две општини во државата имаат по 2-ца активни (Берово и Виница) и 1 општина е со 3-ца активни.(Кочани).
Овој зимско-пролетен 5-ти по ред ковид бран во кој доминантен беше омикрон сојот во последните две недели, според исходот од заболувањето, 826 лица (0,3%) се активни случаи, а 298.532 случаи (96,7%) се водат како оздравени, кои биле или хоспитализирани или на домашно лекување. Од случаите кои се водат како оздравени, 8.061 или 11,1% од позитивните за кои има податок (n=72.575), биле хоспитализирани.
Македонија со корона наездата се соочи со првиот случај регистриран на 26.02.2020 година и до сега имаше 308.620 заразени од корона.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Огграничен сообраќај за тешки товарни возила
Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,
Расте бројот на занаетчии во Гевгелија
Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во
Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на
До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,
СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“
Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија
Тепачкa во Дојран и Валандово
Повторно нарушување на јавниот ред и мир во Дојран, овој пат во Стар Дојран.
РКЕ: Струјата во просек поскапува за 7,4 % од 1 јули
Струјата поскапува за 7,4 отсто во просек за првите три блок тарифи. Ова е
Интервју: Со носителката на 7 круни за убавина, Ана Брзанова од Гевгелија
Долгоногата гевгеличанка, носителка на седум титули за убавина Ана Брзанова од
Трговците во туристичките места ќе работат и во недела
Собранието на РСМ ги усвои измените на Законот за трговија.
Делот кој се
Зголемена фреквенција на ГП „Богородица“
Прво лето без корона ограничувања во меѓуграничниот промет ја врати
Уапсен млад гевгеличанец
Агресивното однесување кон службено лице, полициски службеници при ОВР