Топ Новости

Пролетно разубавување во ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци

Недела, 08 Мај 2022

Пролетта се буди, но и креативноста на децата во ООУ „Ристо Шуклев“ кои сами со свои раце, а под менторство на наставничката Анамарија Митриќеска Кал'чева го реализираа проектот „Едукативна декорација на училиштето“ .
Разубавувањето започна како проект поддржан од Програмата за култура на Општина Гевгелија за 2021 година, а почна со реализација во септември и се' уште трае.Учениците доброволно, работно, со свои креации учествуваат во проектот и го разубавуваат училишниот простор за сите ученици од училиштето во Негорци.
Така беше и оваа недела кога 23 ученика од четири одделенија од 7, 8 и 9-то одделение се приклучија под менторство на наставничката Кал'чева и реализираа нови креативно-едукативно исполнети бели простори од нивното училиште: ѕидови, ходници, скалила, пристапни рампи, влез на кабинети, школскиот двор.

Ако го пуштите срцето да гледа ќе видите многу детски труд, сакање и знаење, зошто ,,Само со срцето добро се гледа" (реплика од книгата за деца ,,Малиот принц").
- „Четки, бои, малку фантазија и многу љубов- резултатот е видлив од галеријата подолу. Едукативни содржини од сите области: математика, јазична писменост, природни науки, географија, музика, спорт, уметност“ - напиша на социјалните мрежи од училиштето. 

Во проектот учествуваа ученици од VIII-a, VIII-б и IX одделение, и тоа: Павле, Верица, Душица, Живко, Валерија, Виолета, Марија, (VIII-a), потоа Мартина, Стефанија, Лабина, Китијан, Анастасија, Магдалена, Методи, Софија, Глигор, Симона, Моника, Јани (VIII-б), Елена, Филип, Лидија (IX одд.) и Благоја. А. од VII одделение.

ФОТО ГАлерија: Ваков амбиент ќе ги дочека понеделнички учениците и наставниците во ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци.

Last modified on Недела, 08 Мај 2022 - 22:37

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Огграничен сообраќај за тешки товарни возила

Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,

Повеќе

Расте бројот на занаетчии во Гевгелија

Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во

Повеќе

Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на

До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,

Повеќе

СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“

Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија

Повеќе

Тепачкa во Дојран и Валандово

Повторно нарушување на јавниот ред и мир во Дојран, овој пат во Стар Дојран.

Повеќе

РКЕ: Струјата во просек поскапува за 7,4 % од 1 јули

Струјата поскапува за 7,4 отсто во просек за првите три блок тарифи. Ова е

Повеќе

Интервју: Со носителката на 7 круни за убавина, Ана Брзанова од Гевгелија

Долгоногата гевгеличанка, носителка на седум титули за убавина Ана Брзанова од

Повеќе

Трговците во туристичките места ќе работат и во недела

Собранието на РСМ ги усвои измените на Законот за трговија.
Делот кој се

Повеќе

Зголемена фреквенција на ГП „Богородица“

Прво лето без корона ограничувања во меѓуграничниот промет ја врати

Повеќе

Уапсен млад гевгеличанец

Агресивното однесување кон службено лице, полициски службеници при ОВР

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.