Koja e смислата на животот: работата, парите, луксузот, семејстовото, пријателите? Секој има различни мерила за успех и среќа. Еве една многусподелувана интернет сторија на животот:
Американски турист во Шри Ланка ги пофалил локалните рибари за квалитетот на рибата, а потоа ги прашал: „Колку време ви треба за да ги фатите сите тие риби?“
А рибарите во еден глас му одговориле: "Многу кратко"
Ги прашал: Зошто не поминувате повеќе време во рибарење и да фатите повеќе?
Рибарите едногласно кажале дека нивниот мал улов ќе биде доволен за нивните потреби и потребите на нивните семејства!
Ги прашал: А што правите остатокот од времето?
Тие: Спиеме до кога сакаме, си играме со нашите деца, јадеме со нашите жени,
а навечер ги посетуваме пријателите, се забавуваме, се смееме и пееме песни.
Туристот ги прекина: Имам МБА од Универзитетот Харвард и можам да ви помогнам! Треба да започнете со риболов на долги периоди секој ден, потоа да продавате повеќе риба за поголем поврат и да купите поголем рибарски брод.
Го прашаа: Што тогаш?
Тој одговори: Ќе направите пари ќе купите голем брод и со голем брод ќе имате многу улов ќе можете да купите втор и трет брод и така натаму додека не добиете интегрирана флота од рибарски бродови. Наместо да го продавате вашиот улов на посредник, ќе преговарате директно со фабриките, а можеби и ќе отворите своја фабрика, ќе можете да го напуштите ова село и да се преселите во голем град, а со тие пари ќе може да живеете и во Лос Анџелес, па и Њујорк! Оттаму ќе можете да ги започнете вашите мега проекти и да правите милиони.
Рибарите го прашале туристот: Колку време ќе ни треба да го постигнеме ова?
- Околу 20 или можеби 25 години
Го прашаа: Што е следно?
Потоа можете да се пензионирате и да живеете мирно во село на брегот, спиете до доцна, си играте со вашите деца, јадете со вашите жени и ја поминувате ноќта забавувајќи се со пријателите.
Рибарите одговорија: Со сета почит и благодарност но, токму тоа го правиме сега, па која е причината тогаш за губење на 25 години во умор и мизерија??
Многумина ја трошат енергијата и сета своја сила, ги занемаруваат своите блиски, си го уништуваат своето здравје за некаков си минлив луксуз, немајќи време за вистинските вредности кога доцна сфаќаат дека животот им поминал во трчање по пари кои тогаш кога ќе ги имаат не им вредат ништо.
Извор: Фејсбук
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте
Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,
Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери
Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со
Од 1 септември мерки за заштеда на струја
Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и
Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците
Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната
Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра
Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори
Кривични пријави за двајца гевгеличани
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради
Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување
На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција