Во саботата на 04.06.2022 во 17.30 часот на Автопатот А1 на место викано „Авлаќ“ од полициски службеници од Полициската станица Гевгелија бил лишен од слобода Р.М.(42) од Скопје. Причина за лишувањето од слобода на возачот е што од возилото со кое управувал Р.М., патничко моторно возило “Опел астра“ со скопски регистарски ознаки, возачот симнал тројца мигранти од Куба.
По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, известуваат од МВР.
Сезоната на нелегални мигрирања на странски државјани викендов беше засилена и во двата правца, кон земјава, и надвр од нашата земја. Во неделата девет лица од Куба беа спречени при обид нелегално да преминат граница
Во полицискиот извештај стои дека: „На 05.06.2022 околу 03.00 часот кај Граничен камен 59 на државната граница со Република Грција, полициски службеници од Полициска станица Богородица ги лишиле од слобода М.М.Ј.(37), Р.Ј.Л.Д.Л.К.(24), М.Р.А.(31), М.К.Ј.А.(29), Ч.Л.Е.(28), К.Ч..Л.(39), О.М.М.(43), Г.Д.Ј.Р.(33) и М.Р.А.(43), сите од Куба. Тие биле спречени при обид нелегално да ја преминат државната граница од нашата држава во Република Грција, надвор од граничен премин.
Од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионален центар за гранични работи „Југ“ известен е судија од Основниот Суд во Гевгелија, од чија страна им е изречена парична казна и издадени им се решенија за протерување од државата.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Огграничен сообраќај за тешки товарни возила
Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,
Расте бројот на занаетчии во Гевгелија
Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во
Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на
До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,
СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“
Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија
Тепачкa во Дојран и Валандово
Повторно нарушување на јавниот ред и мир во Дојран, овој пат во Стар Дојран.
РКЕ: Струјата во просек поскапува за 7,4 % од 1 јули
Струјата поскапува за 7,4 отсто во просек за првите три блок тарифи. Ова е
Интервју: Со носителката на 7 круни за убавина, Ана Брзанова од Гевгелија
Долгоногата гевгеличанка, носителка на седум титули за убавина Ана Брзанова од
Трговците во туристичките места ќе работат и во недела
Собранието на РСМ ги усвои измените на Законот за трговија.
Делот кој се
Зголемена фреквенција на ГП „Богородица“
Прво лето без корона ограничувања во меѓуграничниот промет ја врати
Уапсен млад гевгеличанец
Агресивното однесување кон службено лице, полициски службеници при ОВР