Топ Новости

Субвенционирањето за набавка на велосипеди започна со ЈАВЕН ПОВИК

Вторник, 14 Јуни 2022

Со донесената Одлука на Советот на општина Гевгелија за субвенционирање на граѓаните од општина Гевгелија за купување велосипед, (донесена 31.05.2022 г.) вчера од Општината обавија Јавен повик во кој се наведени условите за аплицирање за користењњто на овие наменски субвенции.

Аплицирањето започнува од 20 јуни 2022 година во 08:00 часот и ќе трае се до исцрпувањето на предвидените средства во висина од 500.000 денари од Општинскиот буџет, резервирани за таа намена или на 100 апликанти.

ВАЖНО: Потребната документација треба да се достави во затворен коверт со назнака: „За Јавниот повик за субвенционирање за купување велосипеди во општина Гевгелија за 2022 година), во просториите каде е сместена Фондацијата за локален економски развој и развој на информатички технологии- Гевгелија (Стар Пионерски дом, ул. „Маршал Тито“ бр. 60, Гевгелија)

На Јавниот повик можат да аплицираат граѓаните од општина Гевгелија кои:
- се полнолетни,
- имаат платен данок на имот за станбениот објект во кој живее
- во домаќинството немаат друг член кој веќе аплицирал за ваков вид субвенција.
- не се членови на Советот на Општина Гевгелија
- не се вработени во Општинската администрација.

За аплицирање, потребни се следниве документи:
- копија од важечка лична карта или важечка патна исправа,
- копија од трансакциска сметка,
- пополнета изјава за давање согласност за користење на лични податоци (треба да се обезбеди на пултот на влезот во зградата на Општина Гевгелија),
- потврда издадена од Одделението за локални даноци и такси во Гевгелија (со наплатена административна такса од 100 денари) за платен данок на имот на станбениот објект во кој живее апликантот според важечката лична карта (заклучно со 2021 година)
- и доказ приложена фискална сметка дека велосипедот е купен од трговци кои дејноста ја извршуваат на подрачјето на општина Гевгелија (сметајќи од 1 јуни, 2022 година како прв ден за набавка на велосипедот).

Висината на субвенцијата изнесува 5.000 денари на граѓанин, а доделувањето ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“. Постапката за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Гевгелија за купување велосипеди во 2022 година ќе биде спроведена од страна на посебна Комисија, формирана од редот на вработените во општинската администрација.

Мерката за субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипед беше амандман на советничката група на СДСМ за Буџетот за 2022 година и истиот беше усвоен и вграден во Буџетот за годинава, кој еве неделава почна да се спроведува со Јавен повик. Граѓаните имаат недела дена да ги подготват потребните документи, а од понеделник 20 јуни да аплицираат.

 

Last modified on Вторник, 14 Јуни 2022 - 13:46

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Огграничен сообраќај за тешки товарни возила

Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,

Повеќе

Расте бројот на занаетчии во Гевгелија

Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во

Повеќе

Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на

До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,

Повеќе

СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“

Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија

Повеќе

Тепачкa во Дојран и Валандово

Повторно нарушување на јавниот ред и мир во Дојран, овој пат во Стар Дојран.

Повеќе

РКЕ: Струјата во просек поскапува за 7,4 % од 1 јули

Струјата поскапува за 7,4 отсто во просек за првите три блок тарифи. Ова е

Повеќе

Интервју: Со носителката на 7 круни за убавина, Ана Брзанова од Гевгелија

Долгоногата гевгеличанка, носителка на седум титули за убавина Ана Брзанова од

Повеќе

Трговците во туристичките места ќе работат и во недела

Собранието на РСМ ги усвои измените на Законот за трговија.
Делот кој се

Повеќе

Зголемена фреквенција на ГП „Богородица“

Прво лето без корона ограничувања во меѓуграничниот промет ја врати

Повеќе

Уапсен млад гевгеличанец

Агресивното однесување кон службено лице, полициски службеници при ОВР

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.