Топ Новости
Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани - Четврток, 22 Септември 2022 18:33
Приведен бегалец од Затвор Гевгелија - Вторник, 20 Септември 2022 14:05

Невреме во Серменин, Моин и Ново Конско - пријавувањето на штети во општина Гевгелија

Петок, 24 Јуни 2022

Вчера попладне, додека во Гевгелија заврна краткотраен дожд, селата во подножјето на Кожуф и с.Серменин беа зафатени со невреме проследено со град.
Имател на викенд куќа во Серменин постави видео на социјалните мрежи од кој се гледа 15 минутното пустошење на силата на природата со град со големина на орев.

Денеска Општина Гевгелија објави информација до граѓаните дека службите на локалната самоуправа подготвиле обрасци за поднесување БАРАЊЕ за надокнада на штета од елементарна непогода, за жителите од погодените населени места од невремето вчера: Серменин, Ново Конско и Моин.

- „Општина Гевгелија ги известува граѓаните кои претрпеа штети дека од денеска, во просториите на Општина Гевгелија, можат да поднесат барање до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Гевгелија.
Во прилог на барањето, кое треба да се подигне од пултот на влезот во општинската зграда, оштетените граѓани треба да достават имотен лист, договор за закуп, документи за машини или опрема, документи за жива стока или други документи, во зависност од тоа што е оштетено и копии од лична карта и трансакциска сметка. По што, согласно законските прописи, Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата ќе постапи по доставените барања“ се вели во информацијата од Општина Гевгелија.

Во прилог видео записот од краткотрајното 15-минутно невреме во Серменин, кој поради големината на ледените топчиња „град“ направи пустош на еден семеен имот.

Last modified on Петок, 24 Јуни 2022 - 15:14

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Признание за животно дело за газда Перо од „Фук Так“ Дојран

По повод 27 септември - Меѓународниот ден на туризмот Министерството за

Повеќе

Kривична пријава за жител од општина Гевгелија

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против лицето Д.Б.(40 годишен) од село

Повеќе

Се подготвува комунална ценовна бомба

Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија на 19.04.2022 година донел

Повеќе

Недела - прекин на електричната енергија во цела Гевгелија

Екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ ќе работат на реконструкција и

Повеќе

Пронајдена марихуана и муниција во Моин, приведени 2 лица

Две лица од Гевгелиско се приведени откако полицијата при претрес на нивните

Повеќе

Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани

Полициската станица Гевгелија поднесе кривични пријави против двајца

Повеќе

ИТНО се повлекуваат виршлите „WUDY“ од продажба, нареди АХВМ

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука за повлекување од продажба во

Повеќе

МВР: Два случаи на насилство во гевгелиско, се пукало во стојачанец

Вчерашниот ден, 20 септември, одбележан со физичко насилство на ГП „Дојран“, на

Повеќе

Признание за Гевгелиското Здружение на пензионери од СЗПМ

По повод 20 септември, Денот на пензионерите на Македонија , Здружението на

Повеќе

Приведен бегалец од Затвор Гевгелија

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.