Топ Новости
Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани - Четврток, 22 Септември 2022 18:33
Приведен бегалец од Затвор Гевгелија - Вторник, 20 Септември 2022 14:05

Денеска 25 новозаразени, вкупно 77 активни во регионот на ЦЈЗ Гевгелија

Четврток, 04 Август 2022

Августовски тренд на новозаразени од корона денеска е најголем од почетокот на летниот корона бран во Гевгелија и регионот. Денеска ИЈЗ-Скопје известува за 25 новозаразени со вирусот ковид-19 и вкупно 77 активни случаи на корона во моментот во регионот на ЦЈЗ Гевгелија.
Новозаразените се распоредени територијално по жителство: во Гевгелија 23 и Богданци 2 нови случаи на корона.

Дека ова е нагорен тренд укажуваат бројките - Од 23 јуни кога се регистрирани по еден нов случај на заразени во Гевгелија и Богданци, до сега во регионот на ЦЈЗ Гевгелија, за изминатите 43 денови регистрирани се вкупно 206 заразени од ковид-19. Од нив оздравеле 129, а 77 случаи и понатаму се водат како позитивно инфицирани. Ова укажува дека вирусот е лесно минлив, без смртни случаи на југот.

Најголем број на новозаразени, за овој период од изминатите 43 денови, (во општински рамки, за периодот 23.06.-04.08.2022) има во:
- Гевгелија 165,
- потоа во Богданци 31 и
- во Дојран 10 случаи.

Активните случаи во моментот се распоредени територијално:
- Гевгелија 66 активни,
- Богданци 10 и
- Дојран само 1 случај.

Во државни рамки денеска се бележи благ незначителен тренд на раст на бројот на активни случаи и од денеска 844 позитивни, регистрирани се и 815 оздравени, но и 6 смртни случаи. Вкупиот број на активни случаи на ковид-19 изнесува 4.139 лица, во државата.

Здравствените стручњаци апелираат на почитување на мерките за заштита во затворен простор, заради своја превентива и превентива на луѓето од вашето блиско опкружување.



Last modified on Четврток, 04 Август 2022 - 17:42

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Признание за животно дело за газда Перо од „Фук Так“ Дојран

По повод 27 септември - Меѓународниот ден на туризмот Министерството за

Повеќе

Kривична пријава за жител од општина Гевгелија

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против лицето Д.Б.(40 годишен) од село

Повеќе

Се подготвува комунална ценовна бомба

Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија на 19.04.2022 година донел

Повеќе

Недела - прекин на електричната енергија во цела Гевгелија

Екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ ќе работат на реконструкција и

Повеќе

Пронајдена марихуана и муниција во Моин, приведени 2 лица

Две лица од Гевгелиско се приведени откако полицијата при претрес на нивните

Повеќе

Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани

Полициската станица Гевгелија поднесе кривични пријави против двајца

Повеќе

ИТНО се повлекуваат виршлите „WUDY“ од продажба, нареди АХВМ

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука за повлекување од продажба во

Повеќе

МВР: Два случаи на насилство во гевгелиско, се пукало во стојачанец

Вчерашниот ден, 20 септември, одбележан со физичко насилство на ГП „Дојран“, на

Повеќе

Признание за Гевгелиското Здружение на пензионери од СЗПМ

По повод 20 септември, Денот на пензионерите на Македонија , Здружението на

Повеќе

Приведен бегалец од Затвор Гевгелија

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.