Прогласени победниците од Меморијалот „Иван Пенов“ 2022

Петок, 05 Август 2022

Синоќа под рефлекторите на игралиштето „Иван Пенов“ со одигрување на финалсните дуели заврши вториот по ред Меморијален турнир во баскет посветен на младиот преран починат гевгелиски кошаркар Иван Пенов (18г.).

Најдобри меѓу јуниорите беше екипата на „Римаг“ која во последниот дуел поентираше со 15:3 со „Амигос“ така што играчите на Римаг ја освоија првата награда во вредност од 300 евра. Победените „Амигос“ станаа носители на Второто место, a Третото место и припадна на екипата „Балерс“.

Јуниори:
1. Прво место - „Рима“ - награда 300 евра
2. Второ место - „Амигос“ - награда 200 евра
3. Treto nesto - „Балерс“ - nagrada 100 evra.

Кај сениорите најуспешна беше екипата на „Дон Андон“ која со резултат 21 : 12 убедливо триумфираше над екипата на ЖФ „Стокол“, така што како првопласирани „Дон Андон“ ја понесе првата награда во вредност од 800 евра.

Сениори:
1. Прво место - „Дон Андон“ - награда 800 евра
2. Второ место - ЖФ „Стокол“ - награда 600 евра
3. Трето место - Ресторан „Крим“ - награда 400 евра.

Победник во шут - наградата ја освои Никола Бојчев.
MVP на турнирот - наградата ја освои Димитар Лазаревски.
MVP во финале - наградата му припадна на Илија Колев.

Меморијалот го поддржаа бројни покровители. За сите нив органозаторот им додели плаќети со Благодарност за покажаната емпатија и хуманост - со меморијалот во баскет (3х3) да се сеќаваме на Иван Пенов кој веќе две години не е меѓу нас.
Пред прогласувањето на победниците публиката ја забавуваше со свој настап танцовото студио „Мистик денс“ од Гевгелија.

Ова беше фешта на емоции - по одиграните натпревари и доделени награди требаше другарски да се слави 20-от не одживеан роденден на Иван, но наместо радости емоциите беа испомешани со тага и скриени подголтнати солзи.

- „Не игравме за наградите. Игравме за Иван“ - беа зборовите на повеќето учесници од сите 21 екипи на годинашниот Меморијал.

Пена, каде и да си Гевгелија синоќа роденденски беше со ТЕБЕ!!!

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте

Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,

Повеќе

Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери

Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со

Повеќе

Од 1 септември мерки за заштеда на струја

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и

Повеќе

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Кривични пријави за двајца гевгеличани

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.