Поднесено обвинение против Жан Митрев и клиниката. Од скопското обвинителство информираат дека обвинението е за делото „измама на пациенти“, за кое е предвидена затворска казна од 1 до 10 години.
Сите тие семејства кои се чувствуваат измамени од лекувањето во приватната болница “Жан Митрев” преку методот хемофилтрација, а чија бројка е досега 283 пациенти, според обвинителството е стекната правно имотна корист од 1, 6 милиони евра.
Според обвинението, пациентите на различен начин плаќале, со оглед на тоа што се работи за разни човечки судбини, но никој од нив не потпишал согласност за лекување со методот хемофилтрација.
Основното јавно обвинителство денеска поднесе обвинителен акт против кардиохирургот Жан Митрев како физичко лице, како и против правниот субјект приватната болница “Жан Митрев”.
– „Митрев имал намера да ги доведе во заблуда, бидејќи е човек кој што има авторитет и со тоа се стекнал со имотно правна корист. Се јавија 283 луѓе и се приклучија кон постапката. Имаше и голем број на луѓе кои не знаеа дали сакаат да учествуваат во постапката.сигурна сум дека ќе има луѓе кои што се оштетени и ќе се приклучат на постапката “– изјави Хаџи Василева.
Осомничениот, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од ковид 19 со методот на хемофилтрација.