Јануари е месец на семејни празнувања, но незаборавни се и другарувањата, со песна и музика.
На фотографијта која датира од 60-те години на XX век е друштво на млади момчиња од Гевгелија кои прошетката до Вардар ја исполниле со песна и музицирање.
Хармоникашот е мајсторот Мите Трајков – Бели, доле лево неговиот братучед Џоко Дојранлиев, познати еснафи во Гевгелија.
Листата за спомени и сеќавања за имињата на другите од насмеаното и весело друштво е отворена.