На вчерашната 101 пленарна седница на Собранието на РСМ единствена точка на дневен ред беше „Поставување на пратенички прашања“. На истата, пратеничката од Гевгелија Марија Костадинова (СДСМ) постави прашање за продолжување на работниот однос на 50 лица во јавните здравствени институции кои постојат во Општина Гевгелија. Таа конкретно прашањето го постави до Министерот за финансии од која институција се очекува потврден одговор за обезбедени финансии за реализирање на реална трансформација на работниот однос на сега вработените на договор на дело во договор за ангажирање на неопределено време. Договорниот ангажман на овие лица завршил заклучно со 31.12.2022 година, а се реално потребни во обавувањето на дејноста на здравствените институции во општина Гевгелија, Се работи за 40 лица од ЈЗУ „Општа Боница Гевгелија“ со проширена дејност, за ЈЗУ „Психијатриска Болница Негорци“ каде ваков статус имале 10-на лица и за вработени во Центарот за јавно здравје Гевгелија.
Министерот за финансии Фатмир Бесими на прашањето од Костадинова одговори со следново:
– „Најрентабилен пристап за одговор на ова прашање е „Колку пари има во Буџетот?“Во тек е реформа на јавната администрација. Како ресорно Министерство се водиме од примената на Законот за Буџет и Законот за извршување на Буџет. Министерството за финансии не издава согласност за поединечни работни места. Тоа се остава на институциите. Министерството за финансии одговара само „дали финансиите се обезбедени, (планирани во планот за вработување за тековната година и дали има пензионирања во институцијата). И на тој начин одржуваме фискална консолидација на Буџетот“ – истакна министерот.
Тој додаде дека ваквите барања се наголемиот товар на Министерството за финансии зошто секоја институција има зголемени барања отколку што се можностите на Буџетот.
– „Раководствата на инстутуциите треба да водат грижа за одржувањето на функционалноста на институциите. Барањата на граѓаните се реални, а средствата во буџетот ограничени“ – беше одговорот на министерот Бесими на прашањето на Костадинова за продолжување на работниот однос на повеќегодишните ангажирани лица со договор на дело и трансформација на нивнот работен однос на неопределено време, за дејноста здравство во општина Гевгелија.