Победничкиот пехар на Австралискиот тениски турнир 2023 му припадна на српскиот и светски тениски ас Новак Ѓоковиќ.
Тој денеска славеше победа во финалето со гркот Стефанос Циципас со 3:0 во сетови (3:6; 6:7; 6:7) меч во кој сервираше форхенди со 130 кm/h.
– „Ова беше мојата најголема победа во животот“ истакна Новак во изјавата по освојувањето на торфејот.
Циципас истакна дека Ѓоковиќ е тенисер кој го извлекува најдоброто од своите противници, а Ѓоковиќ во својот говор пред публиката одговори:
– „Постои причина зошто играм најдобар тенис овде во Австралија, Заради отсуството минатата година и желбата да се вратам и да победам. Ова е најголемата победа во мојот живот“ – истакна Ѓоковиќ.
Тој денеска ја освои 22та Грен слем титула, 93-та титула (победа) во кариерата, со што го престигна ривалот Рафаел Надал и го освои 10-от трофеј на Австралија опен.
За големината на Ноле грчкиот тенисер Циципас во својот говор кажа:
– „Новак е најдобриот човек што држел тениски рекет во историјата на тенисот“.
Својата најважна победа во животот Новак ја сподели емотивно со својот тим, со солзи рабосници, со прегратка со својот помал брат.
На публиката која на два пати со овации го прекина неговиот победнички говор и’ порача:
– „Немојте да го оставите својот сон, да сонувате за високи достигнувања во тенисот. “
Водителката на церемонијата на доделувањето на пехарот го најави Ноле со зборовите:
„Кралот на тенисот се врати во Мелбурн, со нова победа на Австралија опен“.
Браво Ноле!