На Јасмина Пелтековска од Гевгелија треба да ѝ се пружи рака за храброста, што и покрај ризикот за своето здравје по втор пат успеа да стане мајка.
Пред 15 месеци Јасмина беше првата жена во Македонија, која стана мајка со цистична фиброза, болест која претставува голем ризик за бременоста, и за бебето и за мајката, а пред десетина дена се случи уште едно чудо, таа ја роди втората ќеркичка.
Првата ќерка Валерија ја доби преку ин витро, а Бојана, како што вели, дошла неочекувано, како дар од Бога, а бидејќи се родила на Богојавление, решила да ја крсти Бојана.
Jaсмина и по 13 дена од породувањето не може да си замине дома со бебето, уште е во болница во Скопје, бидејќи прима венска терапија.
– „Мислев и се уште мислам и убедена сум дека ако човек нешто реши да направи и Господ ќе му помогне. Додека да ја добијам Валерија толку многу се молев на Бога, бев во исчекување, посакував, па направив ин витро и лежев во болница, само за да се остварам како мајка. Имав преголема желба да станам мајка и го направев невозможното. Бев пресреќна кога се роди, секој ден се заблагодарував на Бога што ми овозможи да ја доживеам оваа радост“ – изјави среќната мајка.
Кога жената ќе стане мајка, станува лавица, кралица, царица. Се менува нејзиниот свет и пред неа е најважно само едно – детето. Таква една мајка-кралица е Јасмина Пелтековска (30) од Гевгелија, која е првата жена во Македонија, која станала мајка, а боледува од цистична фиброза..
Повеќе на овој ЛИНК