За овогодинешниот избор на „Песна на Евровизија 23“, Србија го избра својот претставник. Тоа е
контроверзниот Лука Блек кој изби на прво место после одржани две полуфинални вечери и жестоката битка помеѓу 16-те најдобри натпреварувачи
Србија оваа година ќе има повторно нешто различно од она што сме навикнати да гледаме изминативе години од нив.
Гласањето беше тензично и многу турбулентно. Гласовите беа во сооднос 50 – 50 отсто, од публиката и стручното жири.
Вака изгледаше победничкиот настап – Лука Блек и песната „Само ми се спава“ со која Србија ќе се натпреварува во Ливерпул.
„Луѓе, навистина не знам што да кажам, кога ќе дојдам при себе ќе бидам малку поелоквентен“, изјави Лука Блек синоќа по победата на изборот за песна на Евровизија на Србија.