Синоќа, пред полноќ, на 19.05.2026 околу 23:30 часот на Граничен премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран ги лишиле од слобода 32-годишната А.К. од Валандово и Н.С.(36) со живеалиште во Нов Дојран.
При контрола и преглед на патничко возило „Сеат Атека“ со гевгелиски регистарски ознаки на излез од државата, кое го управувала валандовчанката А.К., а сопатник бил дојранчанецот Н.С., биле пронајдени и одземени пет торбици во кои имало 66 пакувања со марихуана.

Дрогата била спакувана во кутии од намаз, а всушност била заштитно спакувана во кутиите под мал слој намаз. Што се’ нема да им истекне на криумчарите само да поминат граница со инкриминираниот товар.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а лицата се задржани во Полициската станица Гевгелија.
Во врска со настанот, СВР Струмица изврши претреси на повеќе локации и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



















