Новак Ѓоковиќ извојува неверојатна победа над Јаник Синер во полуфиналето на Австралија Опен 2026 во петок, и се пласира за 11-тото финале на Австралија Опен во својата кариера.
Ѓоковиќ се врати од два сета негатива и го победи Синер со 3-6, 6-3, 4-6, 6-4, 6-4. Мечот траеше 4 часа и 9 минути на топлата вечер во Мелбурн.
Вториот тенисер во светот, Синер, ги доби првиот и третиот сет, но четвртиот тенисер во светот, Ѓоковиќ, покажа класа и отпорност одново и одново за да се врати на теренот. Ова е прва победа на Ѓоковиќ над Синер по повеќе од две години. Тој ќе се соочи со првиот тенисер во светот, Карлос Алкараз, во финалето, откако Шпанецот ја надмина повредата и го победи Александар Зверев претходно во текот на денот.
За светскиот тенисер Ноле ова е 104 победа на грен слем натпреварите, а во недела на големото финале од Австралија опен ќе атакува за својата 25-та титула на Грен слем во кариерата.





















