Нов личен рекорд на Антонио, атлетската стрела од Југот.
Во саботниот натпревар на Градскиот стадион во Скопје „АТЛЕТИКА ЗА ДЕЦА 2026″ го освои ПРВОТО место на трката на 60 метри со време 7:99 секунди.
Ова е нов 6-ти по ред медал за Антониот годинава откако освои:
– ВТОРО место на 2.000 метри на Балкански атлетски натпревар во Србија во април годинава,
– стана ДРЖАВЕН ШАМПИОН на 4×100 m со својот тим од АК „Аеродром“ од Скопје,
– ПРВ на трката на 500 метри „Спектратон“ во Скопје,
– ПОБЕДНИК на трка од 800 метри на Крос трка во Скопје, одржана во март годинава,
– ПРВ на Детската трка на годинашниот „Кавадаречки полумаратон 2026“
Спринтот од 60 метри е нов спортски обид за14 годишниот Антонио кој заврши со освоен победнички подиум. Ваквиот негов резултат за неговиот тренер и раководството на АК „Аеродром“ Скопје чиј член е од ноември 2024 година „претставува уште поголем предизвик, во остварување на плановите за оваа сезона, со многу рекорди“.

Антониот на атлетскиот митинг за деца 2026 покажа спремност за атлетски повеќебој. Тој покажа завиден резултат во дисциплината „Скок во далечина“, каде оствари уште еден личен рекорд , т.е. подобрување од ланските резултати. прескокнувајќи 5 метри и 18 сантиметри.
– „ Скок во далечина само во два обида, без никаква техничка подготовка, со скок близу 6 метри кој поради неискуството во оваа дисциплина ни’ го намали резултатот со отисок после завршување на скокот, но не ја намали радоста и докажување дека целиме кон високи дострели во 2026-та година“ – велат од АК „Аеродром“.

Атлетските стручњаци најавуваат: „Во следните натпревари очекувајте уште подобро претставување на Антонио, инспирирани од напредокот, дисциплината, успехот е неминовен со правилен тренинг. Очекувајте нови рекорди на следните натпревари!!!
ЧЕСТИТКИ и само напред во нови спортски успеси!





















